ЗАНИМЛИВОСТИ

Кое седиште во автомобилот е најбезбедно, а кое најмалку безбедно во случај на сообраќајна несреќа?

Технолошките иновации, пред се воздушните перничиња, значајно го намалија ризикот од смрт во сообраќајни незгоди. За жал, бројот на загинати на патот се уште е алармантно голем. Сепак, ризикот не е ист за сите патници во возилото.

Белгиската организација за безбедност на патиштата VIAS тврди дека возачот на автомобилот е повеќе изложен на ризик од другите патници, и покрај мислењето на многумина дека патникот има поголем ризик да загине во несреќа.

Возачот е изложен на 37 отсто поголем ризик од смрт во сообраќајна незгода во споредба со сопатник, па дури и 47 отсто поголем ризик од луѓето што седат на задното седиште, пренесува порталот gocar.be.

Од друга страна, како најбезбедно место во автомобилот е проценето задното седиште во средината.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close