ЗАНИМЛИВОСТИ

Четири интересни причини зошто мачките сакаат да лежат на чевлите на својот сопственик

Илјадници видеа на интернет покажуваат како мачките уживаат во играњето со различните видови обувки на нивните сопственици

Од апостолки, преку сандали и патики, па се до работни чизми. Изгледа дека на мачките човечките обувки едноставно им се неодоливи. Можеби врвките или ремените за чевли ги привлекуваат, но што е со фактот дека повеќето мачки сакаат да заспиваат во чевлите на нивниот сопственик. Дали е тоа уште една чудна навика на мачките или има нешто повеќе во целата приказна?

мачка

Што ја тера мачката да лежи на вашите чевли?

Таа го сака вашиот мирис
Мачките имаат сетило за мирис кое е 14 пати посилно од човечкото. Овие крзнени топки најмногу се потпираат на ова нивно чувство. Вие сте нивен сопственик и вашиот мирис им е многу познат. Затоа, тој е најудобниот од сето она што го среќаваат во секојдневниот живот. Секако, ова нема никаква врска со непријатниот мирис што може да го имаат чевлите откако ќе бидете во нив цел ден, туку со фактот дека вашиот мирис е уникатен за вашата мачка и кога ќе го најдат, го сакаат околу себе.

Таа ги означува вашите чевли како нејзина територија
Сигурно знаете како мачките ја обележуваат својата територија или на отворено или околу вашиот дом. Дури и се тријат со нозете, рацете, па дури и по лицето, за да ве „обележат“. Истото го применуваат и со вашите чевли. Тие едноставно сакаат сè околу нив да мириса на него.

Мачките ги привлекуваат случајни предмети што им се достапни
Мачките се љубопитни по природа, и бидејќи чевлите обично се на подот во ходникот, освен кога се чуваат во кутија во плакарот, тие се редок предмет достапен за истражување на мачките. Овде доаѓа во игра фактот дека повеќето чевли и патики имаат врвки и токи со кои можат да си играат, што е повеќе отколку што може да посака мачка.

Чевлите ви се топли
Мачките се суштества кои секогаш ги избираат најтоплите места во куќата за да легнат. Ако сте забележале дека вашето домашно милениче сака да скока во вашите чевли веднаш штом ќе ги соблечете, тоа е веројатно затоа што му се допаѓа колку се топли.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close