ЗАНИМЛИВОСТИ

10 интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле за Аргентина

Аргентина, чија репрезентација ја освои титулата светски првак, е осмата по големина земја во светот. Нејзин претседател е Алберто Фернандез, а според пописот од 2014 година има околу 42,6 милиони жители. Ова се 10 интересни факти за Аргентина:

Земја на среброто
Аргентина, чие име значи „земја на среброто“, е втора по големина земја во Јужна Америка.

Пет претседатели за 10 дена
Во декември 2001 година, Аргентина имаше 5 претседатели за 10 дена. Ова беше предизвикано од девалвацијата на националната валута, за време на владеењето на Фернандо де ла Ру. Тој поднесе оставка на 20 декември, а Рамон Пуерта беше назначен за заменик претседател.

Сепак, веќе следниот ден беше изгласан нов претседател Адолфо Родригез Са. Но набрзо и тој поднесе оставка, а претседател стана Едуардо Камано, така што на 1.1.2002 г. година, Едуардо Духалде дојде на власт.

Брутална диктатура
Во периодот на диктатурата, најсилните противници на власта беа исфрлени од авион со врзани тегови околу нозете, за да остават што помалку докази.

Бремена жена на Антарктикот
Во 1977 година властите на оваа земја испратија бремена жена на Антарктикот, за да добие дел од оваа територија. Момчето кое се роди стана првото бебе родено на ова место.

Психијатри и психоаналитичари
Буенос Аирес има повеќе психоаналитичари и психијатри (196 на 100.000 луѓе) од кој било друг град во светот.

Шампиони во слушање радио
Аргентинците најголем дел од времето го поминуваат слушајќи радио во споредба со која било друга нација во светот.

Аргентинецот Иван Вучетиќ
Иван Вучетиќ, Аргентинец со црногорско-хрватско потекло, е првиот човек во светот кој со помош на отпечатоци од прсти го идентификува сторителот на тешко кривично дело. Како полицаец во Ла Плата задолжен за криминална идентификација, Вучетиќ го решил случајот на Франциска Рохас во 1892 година, која го обвинила својот љубовник за убиство на нејзините две деца.

Споредувајќи го крвавиот отпечаток пронајден на местото на злосторството со сторителот, заклучил дека убиството не го извршил љубовникот, туку самата Франциска.

Големи љубители на месо
Аргентинците се големи љубители на месото, што ги потврдуваат и податоците од 2020 година, кои велат дека годишно по глава на жител се јадат 49,7 килограми говедско месо.

Танго танц
Популарниот танго танц настанал на крајот на 19 век во близина на устието на Рио де ла Плата, што е природна граница помеѓу Аргентина и Уругвај.

Анорексија
Аргентина има втора највисока стапка на анорексија во светот по Јапонија.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close