ТЕХНОЛОГИЈА

Каква е иднината на е-возилта на македонските патишта?

Деновиве, почнувајќи од 12ти до 16ти октомври, посетителите на Ист Гејт мол, уживаат во изложените модели на електричен погон и хибриди, и имаат можност да се запознаат со предностите кои овие возила ги овозможуваат за да се создаде поздрава и поеколошка средина.

Партнер на манифестацијата под мотото „Возиме на струја“ е „АВТО ПЛУС“, а истата е поддржана од покровителот „Шпаркасе Лизинг“, партнерите „НЛБ банка АД Скопје“ и „Прокредит“ банка кои ги презентираат финансиските предности и услуги при набавка на ваков тип автомобили.

Настанот е посветен на електромобилноста, која претставува ново глобално технолошко решение за транспорт на луѓе и стокa. Годинава, како што најавија организаторите, покрај изложбата на електричните автомобили, обезбедена е и зона за тестирање на штандот на „Олимпиа Моторс“ кои се дел од овој голем настан каде посетителите ќе имаат единствена можност да ги испробаат модерните електрични возила од марката “Тесла“. Инаку, „Олимпиа Моторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“  кои поддржувајќи ја глобалната заедница која има за цел да создаде свет напојуван од обновлива енергија ги презентираат и полначите од марката „ВолБох (Wallbox)“.  

ОМО  нудат половни електрични возила со гаранација кои може да се купат на лизинг.

Целта на четиридневниот настан е да се презентираат соодветни стратегии и стимулативни мерки за изградба на станици за полнење на територијата на Македонија, како и да се обезбеди побрзо развивање на инфраструктурата потребна за напредок на електромобилноста за да биде достапна за сите.

Станува збор за интерактивно искуство кое ги обедини водечките компании во областа на автомобилската индустрија, производители на делови  за автомобилската индустрија, полначи и инфраструктура за поддршка за електрични и хибридни возила.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close