ТЕХНОЛОГИЈА

Amazon Web Services ги истакна технолошките капацитети и експертиза на BtoBet

За да се обезбеди одговорно искуство и да се одржи лојалноста на играчите, на операторите за спортско обложување им требаат стабилни, скалабилни системи кои можат истовремено да обработат повеќе милиони трансакции.

Со цел да обезбеди уште подобро искуство за играчите на своите партнери, iGaming операторите, македонскиот BtoBet е една од компаниите кои ја зајакнаа својата интерна ИТ инфраструктра со инкорпорирање на Amazon Web Services, a во неодамнешна студија на случај спроведена токму од AWS, беа истакнати компаниските технолошки способности и стручни капацитети.

Студијата на случај покажува дека преку AWS инфраструктурата, BtoBet се стекна со можност автоматски да ги скалира своите компјутерски ресурси, олеснувајќи го совладувањето на особено зголемената побарувачка на податоци за спортско обложување. Компанијата сега обработува двојно поголем обем на обложувачки трансакции или вкупно близу 9 трилиони барања месечно, без дополнителни инвестиции за зголемување на својот ИТ тим. Ова воедно е и клучен предуслов за BtoBet да ги обезбеди своите решенија за спортско обложување за поголемите оператори од iGaming индустријата, скалирајќи ги своите ресурси во согласност со нивните барањата во кое било дадено време.

Главниот технолошки директор на BtoBet, Гај Гани, вели дека оваа одлука придонела во брзото и економично зголемување на пресметани ресурси на компанијата за задоволување на зголемената побарувачка од страна на нејзините партнери.

Според AWS, оваа миграција е клучна за BtoBet имајќи предвид дека станува збор за компанија која бележи рапиден раст на светските пазари и ја става важноста на одржување квалитетни перформанси во преден план. Миграцијата го поддржала досегашното работење на компанијата на вкупно три светски континенти преку зголемување на нејзиното присуство во Европа, Африка и Латинска Америка. Од вклучувањето на AWS услугите во своето работење, BtoBet забележал раст од 42 отсто во поглед на обработка на барањата на своите партнери и 33 отсто зголемен број на успешно реализирани барања.

Покрај бројните придобивки во однос на процесот на работа, олеснување и унапредување на работата на вработените за развој на софтверот, со инкорпорирањето на AWS за компанијата се олеснува и процесот на регрутирање нови таленти.

„На денешниот пазар на труд не е тешко да се најдат кандидати со вештини за работење со AWS, подготвени да станат дел од BtoBet и со тоа да направат значителна разлика и тоа веднаш. Како компанија сме несомнено подготвени за понатамошен раст“, завршува Гани.

Целосната студија на случај прочитајте ја ТУКА.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close