СВЕТ

Škoda го претстави новото лого и визуелен идентитет

Чешкиот производител на практични автомобили со разумни цени има ново лого. Оваа промена е дел од новиот визуелен идентитет кој беше претставен со концептот Vision 7S, а според првиот човек на Škoda, тоа е најголемата промена во идентитетот на компанијата во последните 30 години.

Двигател на оваа промена е Стратегијата 2030, која се фокусира на електрификација и дигитализација. Новото лого и идентитетот на брендот се прилагодуваат на овие два тренда со ново, поедноставно лого со дводимензионална графика.

На овој начин, тврдат од Škoda, полесно ќе се препознае логото на екраните и печатените изданија во споредба со сегашниот, тродимензионален дизајн.

Наместо досегашниот грб на Škoda, новите возила од оваа марка сега ќе го пишуваат зборот Škoda на задната врата. Ова лого нема да се појави само на задниот дел од возилото, како што беше случај во претходните години, туку и на предниот дел, на работ на хаубата.

За да го направи логото поизразено, Škoda ја интегрира куката во самата буква „S“.

– Куката беше предизвик за нас, бидејќи од глобална перспектива е прилично збунувачка за многу сопственици на нашите возила. Во новата форма, симболот ќе биде интегриран и во склад со симетријата на логото, додека клиентите на домашниот и на другите пазари сепак ќе го препознаваат како дел од буквата „S“ – изјави Мартин Павлик, дел од маркетинг тимот на Škoda кој работеше на новиот идентитет на брендот.

Што се однесува до старото лого, тоа ќе остане присутно, но во малку изменета, дводимензионална форма. Сепак, големината, обликот и значењето не се променети. Мала група вработени во Škoda работеа на новиот визуелен идентитет, но имаа поддршка од целата компанија бидејќи добија вкупно 165 предлози за дизајн кога започна процесот.

После тоа, тие ги избраа трите најдобри опции, за кои одлучија околу 2.200 луѓе од Чешка, Германија, Италија, Норвешка и други земји.

Новото лого најпрво ќе се појави на социјалните мрежи и во официјалните објави на компанијата, а од 2024 година ќе го најде своето место и на новите модели на Škoda.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close