СВЕТМАГАЗИН

По приведувањето на Северина се огласија нејзината мајка и Милан Поповиќ

Загребската полиција во вторникот околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Апсењето следело, како што дознава „Јутарњи лист“, откако добиле барање од колеги од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.

Подоцна се појавија детали за инцидентот, а се дозна дека Северина ја пријавила нејзината сестра Маријана, откако се степале во станот на нивната мајка.

Нивната мајка Ана, за семејната драма изјавила: – Маријана излезе од никаде, се расфрла, почна да вика, не е прв пат да ја пријави сестра и – изјавила за Јутарњи мајката на Северина и Маријана.

Извор близок до Северина изјавил дека Маријана наводно лажно ја пријавила својата сестра во договор со поранешниот партнер на пејачката Милан Поповиќ.

И покрај тврдењата дека има докази за тоа, Поповиќ ги негираше сите овие наводи.

– Не сакам да коментирам инсинуации и неточни изјави, но сакам да го свртам вниманието на фактот дека заканувачкиот однос на Северина е причината поради која толку се борам нашето дете да живее со мене и моето семејство во мирна, стабилна и безбедна средина – рече тој за споменатиот медиум.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close