СВЕТ

Орбан потпиша нов договор со Русија: Путин испраќа гас во Унгарија преку Србија

Унгарија потпиша договор со Русија за дополнително снабдување со гас, објави владиниот портпарол Золтан Ковач. Овој договор предвидува гасот да пристигнува во Унгарија преку Србија.

Според договорот, во Унгарија ќе се испраќаат до 5,8 милиони кубни метри гас дневно „покрај договорената количина што е веќе на сила“, рече Ковач.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој моментално се состанува со други министри за надворешни работи на Европската унија во Прага, изјави дека договорот со кој се предвидува гасот за Унгарија да се испраќа преку Србија, значи дека неговата земја зимава ќе има доволно гас.

Пред руската инвазија на Украина, Унгарија потпиша долгорочен договор за добивање 3,5 милијарди кубни метри гас (bcm) годишно од Русија преку гасоводот Турски тек и уште една милијарда кубни метри гас од Австрија.

Патем, Унгарија е во голема мера зависна од руските енергетски извори и добива околу 80 отсто од гасот од Гаспром, поради што се противи на какви било санкции на ЕУ за рускиот гас.

Да потсетиме, „Газпром“ ги прекина или ограничи испораките до десет земји членки, а вчера поради одржување на три дена го затвори подморскиот гасовод „Северен тек“ Русија-Германија.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close