СВЕТ

Канаѓанка постави светски рекорд во дарување крв

80-годишната Канаѓанка Жозефина Михалук од провинцијата Алберта, која редовно дарувала крв речиси 60 години, влезе во Гинисовата книга на рекорди кога станува збор за жените по количината на крв што ја дарувале.

Како што е објавено на веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди, таа почнала да дарува крв на 22-годишна возраст и оттогаш донирала вкупно 203 единици крв. Единица крв е 473 милилитри, а возрасен има во просек 4,7 литри крв во телото.

Михалук истакнала дека во 1965 година нејзината сестра, која веќе дарувала крв, ја убедила да дарува крв за прв пат.

– Решив да и се придружам и тоа беше почеток – вели Канаѓанката.

Михалук истакнала дека дарува крв бидејќи знае дека им помага на луѓето.

Таа е нулта позитивна крвна група, која е најчеста.

Претходниот рекорд според Гинис беше 117 единици крв.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close