СВЕТ

Германец уапсен за давање информации на Русија

Германски државјанин е уапсен на аеродромот во Минхен под сомнение дека извршил велепредавство соработувајќи со разузнавач за давање информации на Русија, соопшти денеска германското државно обвинителство.

Човекот идентификуван како Артур Е. бил уапсен во неделата, на 22 јануари, по пристигнувањето во Германија од САД, се вели во соопштението, во кое се додава дека соработувал со Карстен Л. од Германската агенција за надворешно разузнавање (БНД).

Карстен Л. беше уапсен во декември под сомнение дека шпионирал за Русија.

Артур Е, кој не работи за БНД, наводно ги пренел информациите што ги добил од Карстен Л на руската разузнавачка служба, соопшти германското обвинителство.

Во понеделникот на 23 јануари пред судот е изведен Артур Е., кој е задржан во притвор, се додава во текстот.

Истрагата беше спроведена во тесна соработка со БНД и Федералното истражно биро на САД.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close