МАКЕДОНИЈА

Рајчиќ: Бесплатни мастер работилници во Скопје на Петар Адамс од САД за развој на македонскиот стартап еко систем

Oваа недела започна серијал на четири Мастер работилници кои се одржуваат во Центар за трансфер на технологија и иновации ИНОФЕИТ каде предавач ќе е инвеститорот Петер Адамс од САД. Тој е дел од професионална размена со цел да се да се помогне во развојот на локалниот стартап еко систем, а воедно и стартапите да добијат информации како да влезат на американскиот пазар.

– Доаѓањето на Петер Адамс се должи на моето успешно учество во рамки на од програмата YTILI спонзорирана од Стејт Департментот. Според изработениот акцискиот план по завршувањето на програмата беа избрани десетина учесници од Европа, меѓу која бев и јас, Оваа меѓусебна размена во нашата држава е со цел да се организираат предавања на неколку теми наменети за инвеститори и претприемачи на англиски јазик, вели Олга Рајчиќ стипендистка на програмата.

Според неа САД е еден од најразвиените и најголеми стартап екосистеми во светот, а овие работилници имаат за цел да им помогнат на сите заинтересирани да добијат идеја за тоа како изгледа да влезете на пазарот во САД и како да планирате проширување на вашите компании.

Работилниците се одржуваат од 19 до 22 септември. Вчера се оддржа првиот ден кој беше посветен на совети за како да станете инвеститор и успешно да направите профитабилен „излез“ од својот стартап (Masterclass 1 – Angel 101 and Exit Strategies). Покрај дискусија за стратегиите за инвеститорите и основачите, на овој мастер-клас беа презентирани и основите за инвестирање во стартапи.

Денес е вториот ден кој ќе биде посветен на Проформи за финансиски проекции ( Masterclass 2 – Proforma Financial Projections) како шанса за основачите да претстават добро образован збир на проекции за финансиските перформанси на нивната компанија во иднина.

– Иако никој не може да ја предвиди иднината со 100% точност, проформата е една од најважните алатки за планирање достапни за основачите и најважниот документ за длабинска анализа за инвеститорите, е заклучокот на оваа работилница.

Третиот ден на кој има се уште време да се пријавите на следниот линк (MasterClass 3: Valuation Workshop and Capital Stack Strategy) ќе биде работилница за вреднување и стратегија за стекнат капитал, а четвриот ден пак посветен на Masterclass 4: Term Sheets и Due Diligence (пријавете се на следниот линк) ќе се анализира употребата на табелите и процесот на евалуација на инвестициска можност.

Овие работилници се организирани во партнерство со стартапот Challenger, Бизнис Аксцелераторот УКИМ и Инофеит ДИХ. Сите работилници започнуваат во 14:00 часот и се оддржуваат во Центар за трансфер на технологија и иновации ИНОФЕИТ.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close