МАКЕДОНИЈА

Премиум Сејфти Солушн е прва компанија на македонскиот пазар која нуди комплетен концепт и решенија за безбедност

Комплетни услуги во делот на противпожарната заштита, безбедност и здравје при работа, животна средина, управување со отпад, заштита на лични податоци, корпоративна безбедност, сајбер безбедност, медицина на трудот, развој на приватната детективска дејност, вештачења,, проектирање и надзор над изведување на градби од прва категорија и многу други услуги од современ карактер е портфолиото на услуги кои ги нуди „Премиум Сејфти Солушн”.

– Ние сме првата компанија на македонскиот пазар, на која за потребите на своите клиенти има создадено, креирано свој сопствен софтвер за следење на пропишаните законски нормативи, а стручниот тим на врвни професори од Северна Македонија и Југоисточна Европа, нудат можности клиентот да добие практично, трајно премиум решение за безбедност од сите аспекти. За младите пак постои програма која ќе им помогне во изборот на професионална ориентација, но и за сите останати кои сакаат да се преквалификуваат пред се да ја детектираат големата општествена одговорност при придонес во општеството која за себе ја носат овие професии, вели Марија Кукуноска извршна директорка на Премиум Сејфти Солушн.

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин, посочи дека во изминатиот период, оваа компанија ја започнала и успешно ја заокружила постапката на добивање на овластување, т.е. лиценци за вршење на стручни работи во областа на безбедност при работа.

– Безбедноста и здравјето при работа е несомнено, еден од суштинските елементи за создавањето на она што го нарекуваме „пристојна работа“ и “пристојни работни услови“.

Лиценците се всушност основните елементи или главните појдовни точки кои треба да бидат квалитетно спроведени во секое едно претпријатие и кај секој работодавач, доколку навистина сакаме работата која таму ќе ја извршуваат вработените да биде сигурна и безбедна по нивното здравје и да се одвива во една здрава и заштитена работна средина. Но само со активна соработка со работодавачите и нивните претставници, со претставниците на вработените во компаниите и докторите по медицина на трудот, услугите кои вие ќе ги нудите и извршувате, навистина ќе придонесат кон заштитата на здравјето и на безбедноста на вработените во компаниите, и кон градењето на таа посакувана превентивна култура кај сите субјекти во компаниите, рече тој на промоцијата.

Како што посочи заменик директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи важноста за постоењето на вакви компании во државата е од големо значење, а исто така и за дирекцијата во придонесот за иновациите и решенија за безбедност од пожари во местото на живеење на граѓаните.

– Денешниот настан, преполната сала од гости ме потсетуваат на изреката на Бенџамин Френклин: прави им добро на пријателите да ги задржиш, а на непријателите да ги победиш. Тоа според мене е волшебната формула на за успешно основање на Премиум Safety Solution во нашата држава. Очекувам, услугите на оваа компанија да бидат брзо препознаени во деловниот свет и задоволството од нивната реализација да биде на заедничко задоволство на сите, вели Претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност во Македонија проф. д-р Атанас Козарев.

Според претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа проф. д-р Драган Триван рече дека му е драго што ги следи трендовите на Европската Унија Северна Македонија за интегрирано функционирање на сите функции на безбедноста на едно место предводено од тим стручњаци и професионалци.

– Изминуваат 55 години откако постои катедрата на Факултетот за заштита при работа, иако на почетокот луѓето не ја разбираа оваа струка, времето покажа колку е важна бидејќи денес во тие рамки имаме и заштита на животната средина, заштита од непогоди, рече проф.д-р Срѓан Глишовиќ, Декан на Факултетот за заштита при работа во Ниш.

За проф. д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право вели дека оваа дејност е исклучително важна, за работодавачите за компаниите, важна за работниците, синдикатите, важна за државата, важна за целото општество во земјата но и регионот.

На настанот гостите имаа можност да го погледнат кабарето на Голд Фелициа.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close