МАКЕДОНИЈА

Пиво ќе се пие во Скопје, но со нови датуми: Пиволенд 2022 од 03ти до 07ми септември 2022

Големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата – Пиволенд 2022. Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 03ти септември (сабота), а ќе трае до 07ми септември (среда).

Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени Main Stage и Craft Stage.

Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.

„Дојди, Види, Испиј!“ – Пиволенд 2022

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close