МАКЕДОНИЈА

Ohrid Wine Fest – нова винска приказна за Охрид и посетителите

Како се ближи крајот на летото, со почетокот на есента една од најзначајните традиции на Македонија, а воедно и на Охрид е виното. Бербата е веќе започната, а со самото тоа и славењето на убавото македонско вино.

Од 08ми до 10ти септември на ул. „Кеј Македонија“Охридско шеталиште во Охрид, за првпат се случуваOhrid Wine Fest“. Фестивал на виното кој ќе трае три дена и ќе понуди дегустација и продажба на квалитетно вино, закусна на храна, културно-забавни содржини и музичка програма.

Целта на фестивалот е да се претстави долгогодишното македонско производство на вино како наше најзначајно културно наследство и традиција.

Во културно-музичкиот дел на „Ohrid Wine Fest“ ќе настапат: Суперхикс, Фолтин, Ареа, Наум Петрески, Ѓоко Танески, Бекдор Бенд, Александар Јосифовски, Нина Јанева, Камелеон и диџеи, кои се задолжени за дополнително збогатување на убавата винска приказна во Охрид.

Посетителите ќе можат да дегустираат вина од повеќе македонски винарии, но исто така ќе имаат прилика да пробаат и вина од други земји.

Ова е само почеток за „Ohrid Wine Fest’“, приказна која има визија да прерасне во традиционална годишна манифестиција која ќе ја промовира македонската традиција, македонските вина и деликатеси.

Главни покровители на фестивалот се Општина Охрид и германската компанија Костал.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close