МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 59 години од катасрофалниот земјотрес во Скопје

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Скопје 1963

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 59 години од катастрофалниот земјотрес.

Традиционално одбележувањето на 59-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе започне со положување цвеќиња во 10 часот на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.

Во Младинскиот културен центар вечер, во 20 часот, ќе се обрати пред присутните градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која ќе ја отвори изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“.

Во 20:30 часот во Кино „Фросина“, ќе се одржи проекција на филмот „1963: ДОБРА НОЌ СКОПЈЕ„ во режија на Илија Павлов, а во 21:00 часот ќе се одржи Вечерен настан за одбележување.

Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас за трагедијата од која повторно се родил градот Скопје, кој во својата долга историја повеќе пати бил жртва на природни катастрофи.

Скопје 1963

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close