КУЛТУРА

Распишан конкурсот за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев врз основа на предлогот на Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, која во јуни ќе се одржи по јубилеен 60-ти пат, денеска на својата веб страница го објави конкурсот за оваа висока награда од областа на македонската книжевност.

Рациново признание

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Како што информираат од Општина Велес, право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2022 година до мај 2023 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата на конкурсот кој трае до 25 мај, се доставуваат во три примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023 година.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close