КУЛТУРА

Промоција на второто издание на „Среќата е глагол“ од Марковски во петок во 19 часот во Makka bar

На 24 март, петок, во 19:00 часот во Makka bar во Скопје ќе биде промовирано второто издание на „Среќата е глагол“ од Стефан Марковски.

По 10 години од првото издание на оваа книга го имаме и второто, изменето издание со содржини кои инкорпорираат сознанија од современата психологија и наука со практични импликации за различни прашања врзани за феноменот среќа, кој секој од нас го доживува различно и по чијшто пат чекори различно.

Едно од тие сознанија е и дијаграмот на А. Зузунага, кој индуцира и други шеми во контекст на носењето одлуки, земајќи ги предвид критериумите: професионализам, потреба (на светот), задоволство и платеност, односно страст, мисија, професија, вокација.

По успехот на првото издание, десет години минати во творечка и искуствена еволуција резултираа во „Среќата е глагол: второ издание“.

Модератор на настанот е ТВ водителот Ване Маркоски, а во рамки на истиот ќе има и DJ сет со Mitrik.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close