КУЛТУРА

Претставата „Глумици” утревечер во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре вечер ќе биде одиграна победничката претстава од минатогодишниот 47. МОТ фестивал – „Глумици” во изведба на „Артопија“. Претставата, како што соопштија од МКЦ, говори за театарот и за сите оние во него, како и за неговото позиционирање во светот, за сето она за што се мечтае, за страдањето, за вербата во подобро утре.

Како што е најавено, во четврток, 16 март ќе се одржи добротворен концерт за Небојша Додевски – Грицко, во бифето на МКЦ. Ќе настапат Јана Гигова, Димиш, Тотално Опуштање, Сватовски и други домашни изведувачи. Настанот е во организација на „Брат за Брат”.

Во петок ќе се одржи хип хоп настан за промоција на последниот албум на македонскиот хип хоп артист Џака Накот: „Live on no evil“, на кој покрај него ќе настапат и диџеј Гоце, Легијата, Дивизија, Бвана, диџеј Славе, Страјк, Куп де Грас, Ади Имери и плејада други локални артисти и изведувачи.

Истиот ден, во рамките на двете галерии во МКЦ ќе бидат отворени изложбите „Новите индустрии на стари локации” која претставува резултат од научноистражувачки проект на Архитектонскиот факултет во Скопје како и изложба со наслов „Еволуција?” од Балканскиот универзитет во Скопје.

Од МКЦ најавија дека во сабота, 18 март ќе се одржи концерт на хрватскиот хип хоп бенд „Елементал“, кој со својот настап во МКЦ ќе го прослават својот 25 годишен јубилеј од своето основање. Истата вечер, во бифето на МКЦ ќе се одржи и слушачка промоција на најновото издание на македонскиот бенд „Искра“, во издаваштво на „Diehard records“.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close