КУЛТУРА

Објавен четвртиот број на книжевното списание „Современост“ за 2022 година

Во составот на последниот број на списанието за тековната година влегуваат 40 статии на 224 страници, вклучувајќи: интервју, 5 прилози проза, 11 прилози поезија, 2 приопштувања, 9 интерпретации, 8 рецензии, 1 прилог со афоризми, како и 3 текста од млади автори во новооформената рубрика Ѕвезди и протези.

Бројот е отворен со интервју со поранешниот главен и одговорен уредник на ова списание и еден од најплодните македонски автори, проф. д-р Васил Тоциновски по повод 50-годишнината од објавувањето на неговото прво книжевно дело, поетската збирка „Тајна во сонот“ (1972).
Потоа следи избор проза од: Станка Бајлозова Барламова, Милена Силјаноска, Билјана Станковска, Јордан Коцевски и Елисавета Станкоска. Поетите Васил Тоциновски, Љубица Шопова, Трајче Кацаров, Митко Апостолов, Долорес Атанасова – Лори и други се застапени со поезија.

Во бројот се застапени преведените прилози, во делот Приопштувања од: Милица Миленковиќ и Наталија Недјалкова.

Во рубриката Интерпретации застапени се прилози од повеќе македонски книжевници, меѓу кои: Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Васил Михаил, Елена Станкоска, Марија Цветкоска, Мишо Китаноски и други.

Во бројот се застапени 8 рецензии кон книжевни дела кои ја сочинуваат рубриката Вреднувања: Жаклина Атанасова, Снежана Стојчевска, Васил Дрвошанов, Лидија Капушевска – Дракулевска, Сашо Огненовски, Атина Цветаноска и др. Со афоризми е застапен Љупчо Силјановски.
Крајот е отстапен за рубриката Ѕвезди и протези во која се вклучени прилози од: Пепи Стамков, Светла Јакшиќ и Софија Тодороска.

Илустрациите во последниот број за 2022 год. се фотографии од дела на академскиот вајар Александар Јанев, а истиот е достапен во книжарниците низ Скопје.

 

Напишете коментар

Back to top button