МАГАЗИН

„5 до 2″ – новата фанки песна на Young Dadi

„5 до 2″ – новата фанки песна на Young Dadi конечно е пуштена во етерот. Текстот за темата е со потписот на Young Dadi, кој заедно со Лазар Цветкоски има замешано прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, пак, се на Лазар Цветкоски.

Видео приказната, чиј креативен директор и стилист е Александра Majestic, а зад камерата стои Давид Манев, започнува со тоа што пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува.

Во видеото е прикажана целата атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад во 80-те, со настап во Кино Фросина – МКЦ. Зачин на целото дејствие додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија. За косата и шминката се погрижи Бобан Тодоровски.

Интересно е дека неполни 24 часа по пуштањето во етерот „5 до 2″ веќе е во трендингот, а тоа доволно кажува дека Дади има супер парче кое од прва, се вели, влегува во уво.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close