КУЛТУРА

„Животот е убав“ – традиционален концерт на Филхармонија во знакот на музиката од италијанските филмови на 15 јуни

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија во Градскиот парк, кој годинава ќе се одржи на 15 јуни (четврток) во 21 часот е насловен „Животот е убав“. На програмата е музика од познати италијански филмови, чија изведба ќе биде надополнета и со видео проекции.

Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“.

Диригент на концертот е маестро Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Саломе Џикија (Грузија), Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“.

Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него, воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Р.С. Македонија и Италија.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close