Турлитава https://turlitava.com/ Традиционална закуска од генијални содржини! Sun, 05 Feb 2023 14:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.1 Новата функција за Gmail ќе им се допадне на онлајн купувачите https://turlitava.com/vesti/tehnologija/novata-funktsija-za-gmail-ke-im-se-dopadne-na-onlajn-kupuvachite/ https://turlitava.com/vesti/tehnologija/novata-funktsija-za-gmail-ke-im-se-dopadne-na-onlajn-kupuvachite/#respond Sun, 05 Feb 2023 14:02:59 +0000 https://turlitava.com/?p=9012 Доколку сте еден од оние кои сакаат да нарачуваат онлајн, тогаш можеби ќе ви се допадне новата функција на компанијата Google, за полесно следење на пакетите што ги чекате. Уште во ноември, Google вети дека ќе имплементира помош за следење, така што повеќе не мора да кликате на линкови во е-пошта или да копирате-лепите броеви …

Објавата Новата функција за Gmail ќе им се допадне на онлајн купувачите е објавена на Турлитава.

]]>
Доколку сте еден од оние кои сакаат да нарачуваат онлајн, тогаш можеби ќе ви се допадне новата функција на компанијата Google, за полесно следење на пакетите што ги чекате.

Уште во ноември, Google вети дека ќе имплементира помош за следење, така што повеќе не мора да кликате на линкови во е-пошта или да копирате-лепите броеви за следење на друга веб-локација или платформа за следење за да добиете детали за локацијата на вашата пратка.

Имено, можете едноставно да ја отворите е-поштата со известувањето за пратката за да ја добиете таа информација. За да ја активирате функцијата во Gmail, ќе треба рачно да ја овозможите.

Засега оваа опција е достапна само на уредите со Android и iOS преку апликацијата Gmail.

За корисници на Android:

Отворете Gmail, допрете ја иконата „хамбургер“ во горниот лев агол
Изберете Поставки (Settings)
Изберете сметка за е-пошта
Одете до средината на списокот, пронајдете ја опцијата за следење пакети и проверете го полето

За корисници на iOS:

Отворете Gmail, допрете ја иконата „хамбургер“ во горниот лев агол
Изберете Поставки (Settings)
Скролајте до дното и изберете Приватност на податоци
Проверете го полето за следење на пакетот

Слична имплементација е во тек и за веб-верзијата на Gmail, но корисниците на Android и iOS можат веднаш да уживаат во оваа функција.

Објавата Новата функција за Gmail ќе им се допадне на онлајн купувачите е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/tehnologija/novata-funktsija-za-gmail-ke-im-se-dopadne-na-onlajn-kupuvachite/feed/ 0
Кои се најмоќните пасоши за 2023 година? https://turlitava.com/zanimlivosti/koi-se-najmoknite-pasoshi-za-2023-godina/ https://turlitava.com/zanimlivosti/koi-se-najmoknite-pasoshi-za-2023-godina/#respond Thu, 02 Feb 2023 21:05:11 +0000 https://turlitava.com/?p=8981 Јапонскиот пасош и годинава се најде на врвот на листата на најмоќни пасоши. Според минатогодишните податоци на лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и престој “Henley & Partners”, најголеми бариери за патување била епидемијата предизвикана од корона вирусот. Оваа година ситуацијата во овој поглед е нешто поинаква, а војната во Украина е посочена како главен …

Објавата Кои се најмоќните пасоши за 2023 година? е објавена на Турлитава.

]]>
Јапонскиот пасош и годинава се најде на врвот на листата на најмоќни пасоши.

Според минатогодишните податоци на лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и престој “Henley & Partners”, најголеми бариери за патување била епидемијата предизвикана од корона вирусот.

Оваа година ситуацијата во овој поглед е нешто поинаква, а војната во Украина е посочена како главен проблем – затворањето на воздушниот простор и отворањето на границите за бегалците. Поради тоа беа воведени построги гранични контроли.

Резултатите од извештајот претставуваат податоци кои оваа компанија ги мери врз основа на бројот на дестинации до кои може да пристапат имателите на пасоши без да бараат виза. Покрај тоа, еден од клучните фактори во мерењето е она што се нарекува „директна врска помеѓу силата на пасошот и пристапот до глобалната економија“.

И така во 2023 година, петта година по ред, Јапонија се најде на врвот на листата, чиј пасош им овозможува на нејзините сопственици безвизен пристап до 193 земји, кои сочинуваат 98 отсто од светската економија, пишува National Geography.

За споредба, на граѓаните на најниско рангираните земји, како Авганистан со 27, Ирак со 29 или Сирија со 30 дестинации, практично им се ускратени можностите за економска мобилност и раст.

Србија годинава се најде на 38. место, како земја чии граѓани можат да патуваат во 136 земји без виза.

Што се однесува до регионот, најдобро пласирана земја како и претходните години е Унгарија на 9-то место, потоа Словенија на 11-то место, која за разлика од лани не е во топ 10. Потоа Хрватска која е на 18-то место, Србија на 38-то, додека Северна Македонија го зазеде 44-то, Црна Гора на 49-то, а Босна и Херцеговина на 51-то место на листата.

Ова се најмоќните пасоши за 2023 година:

1. Јапонија 🇯🇵 (193)

2. Сингапур 🇸🇬, Јужна Кореја 🇰🇷 (192)

3. Германија 🇩🇪, Шпанија 🇪🇸 (190)

4. Финска 🇫🇮, Италија 🇮🇹, Луксембург 🇱🇺 (189)

5. Австрија 🇦🇹, Данска 🇩🇰, Норвешка 🇳🇴, Шведска 🇸🇪 (188)

6. Франција 🇫🇷, Ирска 🇮🇪, Португалија 🇵🇹, Обединетото Кралство 🇬🇧 (187)

7. Белгија 🇧🇪, Нов Зеланд 🇳🇿, Швајцарија 🇨🇭, САД 🇺🇸, Чешка 🇨🇿 (186)

8. Австрија 🇦🇺, Канада 🇨🇦, Грција 🇬🇷, Малта 🇲🇹 (185)

9. Унгарија 🇭🇺, Полска 🇵🇱 (184)

10. Литванија 🇱🇹, Сливачка 🇸🇰 (183)

Најслабите пасоши во 2023 година:

102. Северна Кореја 🇰🇵 (40)

103. Непал 🇳🇵 (38)

104. Сомалија 🇸🇴 (35)

105. Јемен 🇾🇪 (34)

106. Пакистан 🇵🇰 (32)

107. Сирија 🇸🇾 (30)

108. Ирак 🇮🇶 (29)

109. Авганистан 🇦🇫 (27)

Објавата Кои се најмоќните пасоши за 2023 година? е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/zanimlivosti/koi-se-najmoknite-pasoshi-za-2023-godina/feed/ 0
Започнува пријавувањето за 11-тото издание на Авицена Женска трка https://turlitava.com/vesti/makedonija/zapochnuva-prijavuvaneto-za-11-toto-izdanie-na-avitsena-zhenska-trka/ https://turlitava.com/vesti/makedonija/zapochnuva-prijavuvaneto-za-11-toto-izdanie-na-avitsena-zhenska-trka/#respond Thu, 02 Feb 2023 16:11:49 +0000 https://turlitava.com/?p=8977 Најголемата и најпозната трка за натпреварувачките од понежниот пол во земјата, Авицена Женска трка, на 09 април 2023 (недела) ќе го оддржи своето   11-то издание во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт. Оваа трка ги поттикнува учесничките на здрав животен стил и …

Објавата Започнува пријавувањето за 11-тото издание на Авицена Женска трка е објавена на Турлитава.

]]>
Најголемата и најпозната трка за натпреварувачките од понежниот пол во земјата, Авицена Женска трка, на 09 април 2023 (недела) ќе го оддржи своето   11-то издание во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт. Оваа трка ги поттикнува учесничките на здрав животен стил и негување здрави навики, па затоа секое ново издание бројот на тркачки на стартната линија се зголемува.

Денес, (02.02.2022) во 12:00 часот и официјално започнуваат пријавите за оваа три километарска трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2023. Котизацијата до 08 март 2023 ќе изнесува 300 денари, а до 04 април 2023 ќе изнесува 350 денари. При регистрација секоја спортска ентузијастка ќе може да си купи драј фит маица со логото на трката како дополнителен продукт. Цената на маицата изнесува 500 денари и истата ќе може најдоцна да се купи до 10 март 2023 година.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2023, секоја натпреварувачка ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk.

Сите кои ќе се пријават до 30 март 2023 година нивното име ќе им биде испишано под стартниот број.

Најбрзите три натпреварувачки во генералниот пласман ќе добијат награди, а награди исто така ќе има и за првите три во неколку возразни категории (според Chip Time).

Според возрасната категорија учесничките ќе бидат поделени во 7 подкатегории и тоа прва категорија до 12 години, втора категорија до 14 години, трета категорија до 18 години, четврта категорија до 30 години, петта категорија до 40 години, шестта категорија до 50 години и седма категорија над 50 години.

По завршувањето и прогласувањето на победничките, за сите натпреварувачки ќе биде организирана и лотарија каде ќе се извлегуваат старните броеви од сите учеснички. Затоа организаторот ги повикува сите учеснички да останат до самиот крај на настанот, можеби таа ќе добие некоја награда од партнерите на трката.

Повеќе информации за Авицена Женска трка 2023 може да се добијат на официјалната веб страна и официјаните Фејсбук и Инстаграм профили:

zenskatrka.mk/, facebook.com/zenskatrkaskopje и instagram.com/zenskatrka.mk/.

Објавата Започнува пријавувањето за 11-тото издание на Авицена Женска трка е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/makedonija/zapochnuva-prijavuvaneto-za-11-toto-izdanie-na-avitsena-zhenska-trka/feed/ 0
Во Австралија пронајдена исчезнатата радиоактивна капсула https://turlitava.com/vesti/svet/vo-avstralija-pronajdena-ischeznatata-radioaktivna-kapsula/ https://turlitava.com/vesti/svet/vo-avstralija-pronajdena-ischeznatata-radioaktivna-kapsula/#respond Wed, 01 Feb 2023 09:10:49 +0000 https://turlitava.com/?p=8974 Австралиските власти пронајдоа радиоактивна капсула изгубена во Западна Австралија минатата недела, соопшти државниот министер за вонредни ситуации. Потрагата по капсулата, која испадна од камион на патека долга 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт, траела една недела, јавува Ројтерс. Камионот со капсулата пристигнал во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите …

Објавата Во Австралија пронајдена исчезнатата радиоактивна капсула е објавена на Турлитава.

]]>
Австралиските власти пронајдоа радиоактивна капсула изгубена во Западна Австралија минатата недела, соопшти државниот министер за вонредни ситуации. Потрагата по капсулата, која испадна од камион на патека долга 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт, траела една недела, јавува Ројтерс.

Камионот со капсулата пристигнал во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари. Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртките и навртките, а капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од отворот во камионот.

Јадрото на капсулата содржи мала количина на радиоактивен цезиум-137, кој може да предизвика сериозни болести доколку се допре. Капсулата е со димензии осум милиметри на шест милиметри. Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиум со полуживот од 30 години.

Неговото ослободување се случува со употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина, според Енциклопедија Британика. Компанијата Рио Тинто пред три дена се извини за загубата на капсулата, пренесува Танјуг.

Објавата Во Австралија пронајдена исчезнатата радиоактивна капсула е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/svet/vo-avstralija-pronajdena-ischeznatata-radioaktivna-kapsula/feed/ 0
Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас во МСУ – Скопје https://turlitava.com/vesti/kultura/performans-i-predavane-na-umetnitsata-dilejn-le-bas-vo-msu-skopje/ https://turlitava.com/vesti/kultura/performans-i-predavane-na-umetnitsata-dilejn-le-bas-vo-msu-skopje/#respond Tue, 31 Jan 2023 12:11:33 +0000 https://turlitava.com/?p=8969 Утревечер, на 1 февруари, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот со неа ќе го води уметникот Никола Узуновски. Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот„Архивата на Куќата“. Неколку нејзини уметнички дела се составен дел од …

Објавата Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас во МСУ – Скопје е објавена на Турлитава.

]]>
Утревечер, на 1 февруари, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот со неа ќе го води уметникот Никола Узуновски.

Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот„Архивата на Куќата“.

Неколку нејзини уметнички дела се составен дел од веќе отворената изложба „Се што ни е заедничко“, во МСУ Скопје, која е реализирана во рамки на проектот Манифеста 14 Приштина – Западен Балкан.

Настанот се организира со финансиска поддршка на Британската Амбасада во Скопје.

Дилејн Ле Бас е британска уметница на вкрстени дисциплини и создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од Изгубениот рај, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година. Нејзините дела се вклучени во Биеналето во Венеција од 2007 година, Биеналето во Прага 2005 и 2007 година, Биеналето Гвангју 2012 година, Националната галерија на уметност Зачета 2013 година, MWW Музеј на современа уметност Вроцлав 2014 година, третото издание на проектното биенале за современа уметност D-O Арк Андерграунд Босна и Херцеговина 2015 година, Биеналето Оф, Будимпешта 2015 година, Проширено меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг.

Објавата Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас во МСУ – Скопје е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/kultura/performans-i-predavane-na-umetnitsata-dilejn-le-bas-vo-msu-skopje/feed/ 0
Објавен конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст на Министерството за култура https://turlitava.com/vesti/kultura/objaven-konkurs-za-otkup-na-neobjaven-i-nepostavuvan-makedonski-dramski-tekst-na-ministerstvoto-za-kultura/ https://turlitava.com/vesti/kultura/objaven-konkurs-za-otkup-na-neobjaven-i-nepostavuvan-makedonski-dramski-tekst-na-ministerstvoto-za-kultura/#respond Mon, 30 Jan 2023 09:13:54 +0000 https://turlitava.com/?p=8965 Министерството за култура, во соработка со македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, денеска распиша Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст. Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Македонија, …

Објавата Објавен конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст на Министерството за култура е објавена на Турлитава.

]]>
Министерството за култура, во соработка со македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, денеска распиша Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст.

Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Македонија, кои може да конкурираат со најмногу два македонски драмски текста кои не биле објавени ниту поставени на сцена претходно.

Приоритет ќе имаат текстовите кои поттикнуваат и промовираат млади домашни драмски автори, текстови кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на јавноста-интерактивност, активна публика, учество на млади и текстови кои отвораат актуелни општествени прашања.

Разгледувањето и оценувањето на пријавените текстови ќе го врши комисија од истакнати, стручни и компетентни лица именувана од министерот за култура, на предлог од фестивалот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Комисијата во согласност со приоритетите и квалитетот на текстот ќе направи избор на најмногу три македонски драмски текстови.

Конкурсот трае до 15 март, а авторскиот надомест за откупен драмски текст е 120.000 денари.

Објавата Објавен конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст на Министерството за култура е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/kultura/objaven-konkurs-za-otkup-na-neobjaven-i-nepostavuvan-makedonski-dramski-tekst-na-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Приватните превозници ќе протестираат пред седиштето ЈСП https://turlitava.com/vesti/makedonija/privatnite-prevoznitsi-ke-protestiraat-pred-sedishteto-jsp/ https://turlitava.com/vesti/makedonija/privatnite-prevoznitsi-ke-protestiraat-pred-sedishteto-jsp/#respond Mon, 30 Jan 2023 09:11:57 +0000 https://turlitava.com/?p=8962 Пред седиштето на ЈСП во Автокоманда, дел од приватните превозници утрово од девет часот протестираат. Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА рече дека по одржаниот состанок на лица од двете компании „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ одлучено е денеска да се протестира. Како што нагласи, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, …

Објавата Приватните превозници ќе протестираат пред седиштето ЈСП е објавена на Турлитава.

]]>
Пред седиштето на ЈСП во Автокоманда, дел од приватните превозници утрово од девет часот протестираат.

Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА рече дека по одржаниот состанок на лица од двете компании „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ одлучено е денеска да се протестира. Како што нагласи, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци.

Тие ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.

Приватните превозници последните месеци од минатата година протестираа блокирајќи неколку сообраќајници во главниот град и барајќи исплата на заостанатите долгови. Откако не наидоа на разбирање кај градоначалничката на Град Скопје, побараа прием кај премиерот Димитар Ковачевски. Во меѓувреме, Град Скопје објави два јавни повика за приватните автобуски превозници, на кои немаше интерес.

Објавата Приватните превозници ќе протестираат пред седиштето ЈСП е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/makedonija/privatnite-prevoznitsi-ke-protestiraat-pred-sedishteto-jsp/feed/ 0
Логичка загатка: Кој прв ќе добие пиво? https://turlitava.com/zabava/fotki/logichka-zagatka-koj-prv-ke-dobie-pivo/ https://turlitava.com/zabava/fotki/logichka-zagatka-koj-prv-ke-dobie-pivo/#respond Sun, 29 Jan 2023 19:40:00 +0000 https://turlitava.com/?p=8958 Лесна логичка загатка: На фотографијата, четворицалуѓе чекаат пиво. Ако се наточи пиво од горната дадена позиција кај шишето, кој од нив прв ќе добие пиво?

Објавата Логичка загатка: Кој прв ќе добие пиво? е објавена на Турлитава.

]]>
Лесна логичка загатка: На фотографијата, четворицалуѓе чекаат пиво. Ако се наточи пиво од горната дадена позиција кај шишето, кој од нив прв ќе добие пиво?

Објавата Логичка загатка: Кој прв ќе добие пиво? е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/zabava/fotki/logichka-zagatka-koj-prv-ke-dobie-pivo/feed/ 0
Ќучук избран за “Прогресивен лидер на годината”: Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог https://turlitava.com/vesti/makedonija/kuchuk-izbran-za-progresiven-lider-na-godinata-ne-veruvam-vo-tupanitsa-veruvam-vo-podavane-raka-vo-barane-dijalog/ https://turlitava.com/vesti/makedonija/kuchuk-izbran-za-progresiven-lider-na-godinata-ne-veruvam-vo-tupanitsa-veruvam-vo-podavane-raka-vo-barane-dijalog/#respond Sat, 28 Jan 2023 12:37:31 +0000 https://turlitava.com/?p=8946 Во 2022 година сведоци сме на војна глобално и војна меѓу институциите, но јас не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог, бидејќи има сериозни проблеми во државата, рече европратеникот од ДПС и лидерот на европските либерали, како и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук кој ја доби наградата „Прогресивен лидер на …

Објавата Ќучук избран за “Прогресивен лидер на годината”: Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог е објавена на Турлитава.

]]>
Во 2022 година сведоци сме на војна глобално и војна меѓу институциите, но јас не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог, бидејќи има сериозни проблеми во државата, рече европратеникот од ДПС и лидерот на европските либерали, како и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук кој ја доби наградата „Прогресивен лидер на годината“ од Дарик Радио во Бугарија.

Илхан Ќучук

– Не можете да изградите лидерство ако не се погледнете во огледало. Големото прашање што треба да си го постават политичарите е: Што постигнуваме со ова? Се оддалечуваме од еврозоната, од Шенген, од Планот за закрепнување и отпорност или сакаме да бидеме поинтегрален дел од ЕУ. ДПС со секоја акција што ја презема во Собранието покажува дека сака да биде стабилизирачки фактор во бугарската политика. Да бидеме таа политичка сила околу која или заедно со која ќе градиме национални цели, додаде тој.

Според европратеникот, промената е својствена за секој човек вклучен во политиката. „Зошто се занимавате со социјална работа ако не сакате да го промените системот, околината, животната средина, правилата, да ги направите на начин на кој тие треба да ги исполнат современите очекувања на 21 век?”

-Денес во Европа владеат коалиции. Во Данска и Шведска блок-политички модели настанаа во последните 70 години, а во Холандија владеат осум политички партии. Да, тие имаат свои разлики, свои различни гледишта, но тоа не ги тера да го урнат тоа што го имаат. Тие ги разбираат достигнувањата на сопствената демократија, предностите и недостатоците. И тоа ги мотивира дополнително да го продлабочат разговорот за прашањата за кои треба да најдат заеднички јазик. Мислам дека на Бугарија и недостига коалициона култура“, рече Ќучук.

Лидерот на европските либерали му се заблагодари на целиот медиумски тим за довербата и посака тековната година да донесе помалку линии на поделба и повеќе позитивност и стабилност во Бугарија.

Првото издание на серијалот „30 прогресивни лидери на мислењето во Бугарија“ претставува разговори во живо со 30 луѓе, искрен форум за дискусија за состојбата на демократијата и идеите за развој на Бугарија низ очите на мисловните лидери од различни сфери на општеството, а наградата се доделува на лице за кое медиумскиот тим смета дека е лидер на мислењето во бугарското општество.

Објавата Ќучук избран за “Прогресивен лидер на годината”: Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/vesti/makedonija/kuchuk-izbran-za-progresiven-lider-na-godinata-ne-veruvam-vo-tupanitsa-veruvam-vo-podavane-raka-vo-barane-dijalog/feed/ 0
Kисела зелка – храна за мозокот и целиот организам! https://turlitava.com/zhivot/zdravje/kisela-zelka-hrana-za-mozokot-i-tseliot-organizam/ https://turlitava.com/zhivot/zdravje/kisela-zelka-hrana-za-mozokot-i-tseliot-organizam/#respond Sat, 28 Jan 2023 12:15:49 +0000 https://turlitava.com/?p=8938 Свежата зелката е здрава и богата со витамин Ц, но киселата зелка која е неизбежен дел од зимската трпеза е навистина многу здрава и корисна за нашиот организам. Таа е нискокалорична и вкусна, содржи витамин А, Б12, Ц, Е и К, важни минерали и омега 3 масни киселини. Киселата зелка го освежува и разбудува организмот, …

Објавата Kисела зелка – храна за мозокот и целиот организам! е објавена на Турлитава.

]]>
Свежата зелката е здрава и богата со витамин Ц, но киселата зелка која е неизбежен дел од зимската трпеза е навистина многу здрава и корисна за нашиот организам. Таа е нискокалорична и вкусна, содржи витамин А, Б12, Ц, Е и К, важни минерали и омега 3 масни киселини.

кисела зелка

Киселата зелка го освежува и разбудува организмот, ја јакне отпорноста на стрес, го стимулира растењето на клетките и ткивата, помага во изградбата на коските, ги балансира маснотиите, ги јакне мускулите и помага во разменувањето на материите во мозокот и нервите.

Помага и со својот витамин Ц за зајакнување на имунитетот. Во 100 грама кисела зелка се содржат околу 35% од дневната потребна количина на витамин Ц.

Објавата Kисела зелка – храна за мозокот и целиот организам! е објавена на Турлитава.

]]>
https://turlitava.com/zhivot/zdravje/kisela-zelka-hrana-za-mozokot-i-tseliot-organizam/feed/ 0