АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за вторник, 19 септември! Близнаците се неодоливо шармантни, Скорпиите имаат финансиски проблеми а Лавовите успешен ден

Лавовите денеска ќе имаат многу успешен ден, како на љубовен план, така и на работа.

Еве што може да очекува секој хороскопски знак :

ОВЕН

ЉУБОВ: Можете да остварите контакт со некој што ќе ви се допадне. РАБОТА: Ќе имате успех доколку работите на полето на банкарството и манипулацијата со парите. ЗДРАВЈЕ: Подобрување.

БИК

ЉУБОВ: Ова е време за состаноци, забава и уживање. Исто така, можно е некој да ви изјави љубов. РАБОТА: Плоден период за уметници и креативци. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. Ќе ги шармирате сите со кои ќе стапите во контакт. РАБОТА: Успех во работата со пријателите и истомислениците. ЗДРАВЈЕ: Повреди.

РАК

ЉУБОВ: Можна е љубов на далечина или љубов со некој што ќе го сретнете на патување. РАБОТА: Ќе бидете оптоварени со деловни обврски и очекувања на претпоставените. ЗДРАВЈЕ: Променливо.

ЛАВ

ЉУБОВ: Ќе ви биде лесно да воспоставите хармонија во вашата врска, бидејќи комуникацијата ќе тече слободно. РАБОТА: Можни се кадровски промени на работното место. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Партнерот ќе има премногу очекувања, поради што ќе се чувствувате задушено. РАБОТА: Ова е време да ја завршите незавршената работа. Ќе ви биде тешко да започнете нешто ново. ЗДРАВЈЕ: Послабо.

Horoskop

ВАГА

ЉУБОВ: Нема да можете да најдете значајна љубов, но ако излезете, дефинитивно ќе имате можности за флертување. РАБОТА: Ќе донесете некои важни одлуки за кариерата. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Нема да воспоставите контакт со личноста која ви се допаѓа. РАБОТА: Полека влегувате во период кој е проблематичен за финансиите. Можни се непредвидени трошоци. ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Ситуацијата во љубовниот живот ветува, но околностите би можеле да ве натераат да почекате. БИЗНИС: Ќе ви се зголеми популарноста, што е поволно за бизнисот. ЗДРАВЈЕ: Добро.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Можно е да ви се допадне личноста со која работите или некој што ќе го запознаете преку работата. РАБОТА: Вашата енергија ќе биде на високо ниво. ЗДРАВЈЕ: Проблем со бубрезите.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Имате среќа во љубовта, но ќе ви биде тешко да се посветите на една личност, поради неколку добри можности. РАБОТА: Се наоѓате во период кога не ви е да работите. Можеби ќе одите на одмор. ЗДРАВЈЕ: Настинка.

РИБИ

ЉУБОВ: Хармоничен семеен живот, а доколку не живеете со саканата личност, ќе имате желба тоа да го промените. РАБОТА: Преселбата во канцеларија може да ви ја наруши работата. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close