Критиката може да биде корисна, но некои луѓе тешко ја прифаќаат. Наместо да го сослушаат советот и да размислат за него, тие реагираат бурно или веднаш заземаат одбранбен став. Таквите реакции не произлегуваат од лоша намера, туку од гордост и страв дека ќе изгледаат помалку способни или вредни.

Според астрологијата, три хороскопски знаци особено тешко поднесуваат критика. Тоа се:
Овен
Овните се познати по својот силен карактер и енергија, но не поднесуваат некој да им кажува што да прават. Критиката ја доживуваат како напад врз нивниот авторитет, па реагираат нагло и емотивно. Иако гневот не им трае долго, во моментот им е тешко да признаат дека не се во право. Дури кога ќе се смират, можат да сфатат дека советот бил со добра намера.
Лав
Лавовите имаат изразенa гордост и не сакаат кога некој ги доведува во прашање нивните одлуки. Критиката ја доживуваат како удар врз сопственото его и често веднаш преминуваат во одбрана. Понекогаш им е поважно да го задржат достоинството отколку да признаат грешка. Ако некој ги прозове јавно, ќе реагираат особено бурно, но подоцна, кога ќе се смират, самите си признаваат дека критиката имала смисла.
Скорпија
Скорпиите длабоко ги доживуваат сите работи, па така и критиката. Често ја сфаќаат лично — како предавство или недоверба, иако тоа не е намерата на другата личност. Наместо да разговараат за проблемот, тие се повлекуваат и се затвораат во себе. Кога се повредени, можат да реагираат со сарказам или со тишина. Дури по некое време сфаќаат дека критиката не е непријателство, туку можност да научат нешто ново.





