#ТУРЛИТАВА

Сакај од срце и бори се за тоа- Интервју со Владимир Прибичевиќ

 

Владимир Прибичевиќ од Скопје е млад и успешен фитнес иструктор. Започнал со вежбање уште во средношколските денови и до ден денес се одржува во фит форма. Успехот за него е да создаде нови шампиони, кои ќе се гордеат со своето здравје и тело.

 

  1. Од кога почна да се занимаваш со спорт и кој ти е главна инспирација?

Со фитнес се занимавам 12 години како инструктор, а почетоците на вежбање се уште осредношколски денови во истиот фитнес центар каде сега јас го водам .Најголема инспирација ми е помагањето на луѓе кои имаат потреба од вежбање и онаа спорстка (надворешна) интелигенција која е веднаш воочлива. Голем удел има и влијанието на мајка ми која неуморно ме советуваше да се бавам со некој спорт.

  1. Неколку зборови за твојата работа...

Додека сите одат на работа, јас мојата ‘’ работа’’ ја гледам како рекреација и стимул денес да создадам нови шампиони кои ќе бидат поуспешни од вчера, посреќни и задоволни. Почнувајќи од фитнес за деца, каде ги спремаме за успеси во животот, така преку возрасните кои имаат за цел да се одржуваат, менуваат, рекреираат, напредуваат и остваруваат своите цели токму преку вежбањето. Ако се создаде оваа навика тогаш фитнесот претставува уживање и тогаш сум успеал да ја доловам суштината на физичката активност како важен сегмент во животот.

  1. Зошто баш оваа професија?

– Токму поради тоа што сакам да создавам шампиони, не само во спортот, туку на секое поле а сетотоа да биде преку желба за натпревар со себе си преку спорт и рекреација.

 

  1. Дали јадеш турлитава? И зашто не? :))))
  • Јадев кај мама кога живеев, сега јадам најчесто бурито. :)))))
  1. Кое е твоето мото?

– Уфф тешко прашање, имам повеќе: вежбај како шампион, сакај од срце и бори се за тоа, непостојат проблеми туку постојат само решенија, не се откажувај прерано – пробај уште еднаш  и многу други …

 

  1. Што правиш во слободно време?

Во слободно време гледам да испијам некое кафе надвор, да прочитам некоја мотивациона книга, да се дружам со внук ми и да поработам на уредување на клубот и домот.

  1. Дали имаш омилена вежба?

– Да, стоење на глава хахаха..

  1. Кој ти е омилен спортист (наш/странец)?

Дејвид Бекам како дете а сега се знае најдобриот спортист на светот Новак Џокович.

  1. Неколку совети за успешна форма на телото?

– Советувам редовно вежбање, читање и едукација околу исхрана бидејќи самото име физичка култура и здравје ни кажува дека треба да имаме барем основен сегмент знаење од оваа тематика.

  1. Дали ја следиш турлитава и што ќе кажеш за неа?

– Секогаш кога сум во можност следам наши сајтови. Конкретно турлитава ми се допаѓаат смешните клипчиња, занимливите едукативни текстови.

  1. Дали оваа работа ти е желба уште како мал, или пак, случајно се пронајде во оваа професија?

Сакав спорт, не го сакав училиштето и многуте часови поминати во него. Иако бев одличен математичар, сепак спортот ми беше нешто во кое најмногу уживав. Математиката ми беше дарба за логичко размислување, но спортот, конкретно фитнесот е уметничкиот дел (емоционалниот) каде сум најкреативен, каде можам да бидам иновативен и свој.

  1. Доколку би одбрал друга кариера, на што би се одлучил?

– Уфф тешко прашање. Сигурно би бил претприемач на некоја креативна работа каде можам да ја истакнам емоционално-уметничка ствана (фантазија).

  1. Некоја интересна случка(невообичаена) што ти се случила додека си тренирал?

– Има доста на кои се досетив но не би сакал да ги кажам бидејќи може да се пронајде некој и не би сакал никој да се навреди или да помисли дека сакам да го навредам. Секогаш има интересни случување кога се работи со луѓе, некои се пријатни а некои непријатни 

  1. Омилен виц?

Оптимист и песимист доктор

Си бил некој човек и влегол кај доктор песимист и му вика : Докторе ама ми виси надоле и незнам што да му праам ?

Докторот му вика: ништо бато, да го сечиме, што ќе ти е ваков да ти виси.

Човеков натажен и замислен дали да го сече или не по пат гледа реклама доктор оптимист. Нема што да загубам, ќе одам кај овој доктор и да прашам второ мислење.

Влегол кај докторот и му вика: докторе вака и вака, мене ми виси па кажете чаре.

Докторот му вика: дај да видам. Да беее стварно ти виси. Ај стани и прошетај до вратата и назад.

Станал пациентов, прошетал и се вратил и вика сега?

Докторот вика: абе стварно ти виси, него да знаеш како убаво ти стои :)))))

  1. И за крај кои се твоите планови за во иднина?

– Немам некои посебни планови, едноставно работите се менуваат, но имам цел а таа е што повеќе луѓето да вежбаат, да се грижат за себе, да имаат основна култура во вежбањето и да изгледаат убаво, згодно и привлечно, бидејќи човекот е среќан ако убаво се чувствува во своето тело :))))

Слични објави