#ТУРЛИТАВА

(WHO) и континуирана физичка актвност

World Health Organization – Светска здравствена организација или скратено (WHO) е најрелевантната институција која на база на податоци добиени од научни истражувања донесува заклучоци околу здравјето на човекот и како тој може да влијае на него.

 

World Health Organization – Светска здравствена организација или скратено (WHO) е најрелевантната институција која на база на податоци добиени од научни истражувања донесува заклучоци околу здравјето на човекот и како тој може да влијае на него. Од научните истражувања на (WHO, 2002 и 2003) може да кажеме дека оптимална, редовна и континуирана физичка активност помага во :

  • Превенција и рехабилитација на срцевосадовните болести – коронарните болести на срцето, благо покачен крвен притисок, артериосклероза (наталожени масти во артериите);
  • Подобрена минерализација на коските во младите години, што придонесува во спречување на остеопороза и фрактури во постарата возраст;
  • Го намалува ризикот од настанување на одредени видови на рак, како што е ракот на градите, простата и на дебелото црево;
  • Го намалува ризикот од настанување на шеќерната болест (инсулинска независност);
  • Одржување и подобрување на моторните способности како што се мускулната сила, издржливост, координација, рамнотежа што резултира со зголемување на функционалниот капацитет за извршување на активностите од секојдневниот живот;
  • Одржување или пак достигнување до посакуваната телесна тежина и добар сооднос на масната и безмасната компонента (намалување на подкожното масно ткиво, зацврстување и зголемување на мускулната маса и густината на коските);
  • Отстранување на токсините од организмот што помага во намалување на целулитот;
  • Промовирање на психолошка благосостојба, намалување на стресот, анксиозноста и депресивноста;
  • Подобрување на квалитетот на сонот;
  • Помага во спречување и контрола на ризичното однесување, особено кај децата и младите, како што се конзумирање цигари, алкохол и други супстанци, нездрава исхрана и насилство.

За подобрување на општата здравствена состојба Светската здравствена организација препорачува редовно, секојдневно физичко вежбање со умерено лесно темпо со времетраење од најмалку половина час за возрасни (WHO, 2002) и еден час за деца и млади лица (WHO, 2004).

Слични објави