#ТУРЛИТАВА#Турлитававести

Санта ин таун

Денес беше одржана Дедомразовска трка по петти јубилеен пат.

Според информациите од организаторот-здружението за спорт и рекреација „прв до врв” оваа година одѕивот бил најголем со преку 400 учесници облечени како дедо мраз. Трката беше во должина од два километри почнувајќи и завршувајќи на плоштадот Македонија.Покрај Порта Македонија Паркот Жена- борец покрај „ Холидеј ин” мостот кај МНР, покрај Вардар кон камениот мост и завршувајќи повторно на плоштадот. Никола Таневски беше прогласен за најбрз дедо мраз годинава, а за најбрза баба мразица Рената Соколовска. За победниците беа доделени награди а за најмладите учесници пакетчиња.

 

Слични објави