#ЗГОТВИТУРЛИТАВА
Празнични колачиња со џем од јагоди
Овие колачиња се одлични за претстојните празници. Во понатамошниот текст ќе ви објасниме како да ги направите.
Потребно е:
1/2 чаша омекнат путер
1/4 чаша кафеав шеќер
1 јајце
1/2 кафена лажица екстракт од ванила
1 лажица брашно
1/4 чаша ситно сецкани ореви
2/3 чаша џем од јагоди
1/4 кафена лажица сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 300 степени и подмачкајте ја хартијата за печење. Одвоете ја жолчката од белката и зачувајте ја белката. Со миксер изматете ги путерот, шеќерот и жолчката. Додадете ја ванилата, брашното и солта и мешајте додека не се соединат.
Од тестото направете топчиња. Потопете ги во белката од јајцето, а потоа во оревите. Наредете ги за печење и печете 5 минути. Откако ќе ги извадите, со палецот направете вдлабнатина во секое колаче и додатете од џемот во секоја вдлабнатина. Печете уште 8 минути.