#ТУРЛИТАВА

“Работа+дисциплина+желба=успех” – интервју со Саше Величковски

 

Саше Величковски (26) од Скопје, е млад и успешен фризер. Има завршено средно училиште Димитар Влахов за фризер, каде што земал и една година плус за козметичар. Одел на школска и приватна пракса и на предавање секој ден, за денеска да стане тоа што е.  Секогаш е на време точен или што би рекле: Тачан си ко швицарски саат. 🙂

– Од каде желба да станеш фризер и кого почна прв да шишаш?

Се започна кога бев 6-то одделение. Тогаш ми се роди желбата.Како?Па, кога идев на фризер, обавезно ги метев влакната кои беа на подот,што ми беше најинтересно нешто (Се смее). Додека си чекав ред, како што фризерот ги шишаше муштериите, јас ќе земев метлата и ги собирав. И после мене ме шишаше, нормално. На пракса додека идев, почнав моите најблиски да ги шишам. Другарите исто така доаѓаа да ги шишам. Правев некои грешки, нормално е тоа на почеток. Но, до мене стоеше и мајсорот кој ме учеше да не ги правам грешките и понатаму се трудев да не ги повторам.

– Каде ги шишаш луѓето моментално? Kаде работиш?

Работам во мојот фризерски салон “Hair Station”. Тој се наоѓа во центар до 7гр еспресо. За повеќе детали може да ги посетите фејсбук и инстаграм профилот.

www.facebook.com/hairstationsase

www.instagram.com/sasevelickovski92

i

– Секојдневно ти доаѓаат различни муштерии, како се справуваш со нив?  Ти бараат ли некоја фризура на некој познат? На пример порано сите сакаа да имаат фризура на Дејвид Бекам.

Кога работиш со луѓе секогаш е тешко. Секој си има различен карактер. Мораш да се прилагодиш према карактерот на човекот, ако сакаш да постигнеш нешто. Тука има едно непишано правило и вели вака: Муштеријата е секогаш во право. На тоа правило мора да се придржуваш.Што се однесува до фризурите, за тоа треба да идеш по семинари и да учиш, да вежбаш. Доколку немате време за семинари, постојат едукациски видеа на интернет кои се истотака од помош.

– Дали јадеш турлитава и зошто не?

Да, јадам турлитава секој ден, освен среда и петок бидејќи постам 🙂 ( Се смее).

– Дали работиш со жени? Шишаш, средување на фризурите?

Со жени не работам. Имам пробано, ама не ми оди. Да се разбереме, за фризури правиме муабет. 🙂

– Дали тука доаѓаат муштерии и седат со Вас до крајот на денот, ви прават друштво?

Има што ми доаѓаат од кога ќе отворам, па се додека затворам. Се разбира тоа се моите другари. А да седи муштерија така по цел ден, немам. Работам на време, со закажување на термин. И затоа нема некој така да седи. А и да има, тешко би разговарал, бидејќи сум сконцентриран на клиентот. Но има едни кои си закажуват термин еднаш неделно да се шишаат. Кога ќе почнам да ги шишам, ми ги кажуваат нивните проблеми и бараме заедничко решени. Така да, понекогаш мислам дека сум психијатар, а не бербер 🙂 (Се смее).

– Дали имаш омилена фризура? И најлесна фризура која е?

Сите ми се омилени фризури. Сите ми свиѓаат и ги средувам муштериите на најдобар можен начин, бидејќо уживам во работата. Најлесна фризура да се направи е со машинката. Ја ставаш на кец и тераш 🙂 .

– Дали ја следиш турлитава? Што ќе кажеш за неа?

Чекај, а има ли некој што не ја следи? Се разбира дека ја следам. Се полнам со доза на хумор секојдневно и се смеам. И смеењето го продолжува животот, зар не? А тие што не ја следат, може да почнат да ја следат, нема да згрешат.

– Дали сам си се шишал?

Четири месеци се шишав сам. Тоа беше периодот кога завршив со школо и дома седев 4 месеци. И си немав направено грешка, бидејќи само со машина се шишав. Така не можеш да промашиш. А сега идам кај други да ме шиша, но знам и некогаш сам да се дошишам.

– Омилен виц?

Двајца другари дткаат. И се договараат кој ќе отиде во продавница да купи нешто, ама да не дтка. Оди едниот и вика:

– Малборо.

– Господине, какво сакате? Имате бело, плаво, црвено.

– Плаво.

– Господине, имате кратко и долго.

– Кратко

– Господине, имате меко и тврдо.

– Ккккурво.

– Која ти е целта со видеата?

Видеата ги правам лично за мене, за реклама, но и за производите “KEUNE” со кои работам од кои сум навистина задоволен.  (Дел од видеата можете да ги видите подоле)

– За одржување на косата, неделно миење колку е потребно? И дали се штетни овие продукти?

Косата најдобро е да се мие 2-3 пати неделно, за не доаѓа до исушување на влакното. За нега на косата има шампони,кондиционери, маски, спрееви, масло за коса. Овие продукти не се штетни, бидејќи со овие препарати ја правиш косата да биде помоќна, поздрава. Тие се со витамини и ја хранат косата.

– Дали е подобро тука да се работи оваа работа или пак во странсвто?

Ако си добар, ќе успееш сегде. Ако не се трудиш, џабе ти е каде и да отидеш.  Работа+дисциплина+желба = успех. Тоа е моето мото. И тоа им го препорачувам на сите.

– За крај,дали имаш планови за во иднина?

Имам планови за во иднина, но нема да ги откријам сега.

 

 

Муштерии: Прв пат vs после 10 шишања 🙂 

 

И ова може да се случи доколку не му платиш 🙂

Слични објави