#ТУРЛИТАВА#Турлитававести

Затворена наплатната рампа на Клинички

Наместо условите за работа паркингот причина за блокирање на клинички.

Денес од 10:00 до 10 30 беше симболично затворена рампата на клинички центар од страна на здравствените работници, капката што ја прелеа чашата беше одлуката да се качи цената на паркингот  кој е во надлежност на град Скопје од досегашните 300 на 800 денари.

Тие најавија дека секој ден во истиот период од денот ќе биде затворена наплатната рампа за излез од клинички, во своето излагање истакнаа дека нивна цел не е да се створи метеж или некој да страда туку да се стави до знаење дека се понижени и навредени и дека не се задоволни од динамиката на спроведување на реформите.

Во текот на денешниот ден најавија средба со министерот Венко Филипче за надминување на проблемот. Ќе биде ли ова само козметичка промена или ќе настапат вистински промени во здравството останува да видиме.

 

Слични објави