#ТУРЛИТАВАUncategorizedВЕСТИ

Роналдо се јави по натпреварот против Манчестер

Екипата на Јувентус го доби дербито со Манчестер Јунајтед кое синоќа се одигра на „Олд Трафорд“. Кристијано Роналдо на почетокот на второто полувреме, Роналдо испрати „бомба“ од работ на шестнаесетникот, а пак Де Хеа возврати со чудесен лет и интервенција која ги фрли на колена играчите на Јувентус кои едноставно не можеа да поверуваат како топката не заврши во мрежата.

Тој по натпреварот на социјалните мрежи се исповеда за неговото гостување на стадионот каде се промовираше во еден од најдобрите светски играчи.

– Емотивен натпревар со емотивна победа. Прекрасно беше повторно да се облечат копачките и да се игра на ,,Олд Трафорд’’. Ви благодарам на сите навивачи за убавиот прием, – напиша Роналдо.

Слични објави