#МАКЕДОНИЗАМ#ТУРЛИТАВАВЕСТИ

Интервју со раководителот на човечки ресурси во Службен весник – Андријана Паскоска

1 Вашите достигнувања се видни вие сте млада мајка, и покрај таа улога во вашиот живот, вие со вашите 28 години сте раководител на Одделение за Човечки ресурси во Службен весник, па сакам да ве прашам која е вашата инспирација вашата сила да ги усогласите сите работи на оваа возраст?

– Да јас сум пред се мајка на 7 годишниот Лука, кој е второ одделение. Таа мисија во животот е најјубава и таа е пред се …  тој и неговата среќа  се на првото место . Така почнува и мојот ден а понатаму работните обврски се полесни кога си исполнет, имаш мотивација да напредуваш и да си фокусиран на работата. Таа ме исполнува убаво е да работиш со луѓе кои треба во тебе да гледаат еден пример што претставува човечки ресурси и начинот како луѓето гледаат на оваа професија.

2. Имате завршено Филозофски Факултет во Скопје … и сте Дипломиран професор по Филозофија, па сакам да прашам кога посакавте да работите и да се надоградувате со вашето знаење во оваа област?

– Филозофијата ја сакав како дете таа претставува за мене начин на живот и поглед на светот… За мене секогаш постои таа максима ”Мислам Значи Постојам”.. нашите мисли се нашиот живот, Филозофијата според мене опфака повеќе области Психологија, Педагогија, Логика се тоа тоа во едно може да го наречеме Филозофија на Животот … Но за жал кај нас се уште има отпор за оваа наука па сакав да бидам во тек со напредокот околу психологијата на човекот и напредокот на личноста во работата и во професијата што ја сака и така одлучив да запишам мастер студии за Човечки Ресурси.

3. На неколку наврати на вашиот профил имавте и слики од Школото ”Димитар Влахов” што е за деца со оштетен вид, како е да се работи со тие деца?

– Да тоа ми е волонтерски и таа работа е пред се хумана, за секој би било чест  да е дел од тој тим. Тие деца се среќни и со секој настан, со секој проект што ќе ги вклучиме, дали тоа  би било дел  од игрите или вклучени во некои настани тие се осеќаат дека некој се грижи за нив и за нивните желби. Нивната насмевка е доволна за да сакаш тоа да го работиш и да помагаш во таа институција.

4. Доаѓате од Битола град на културата што ви недостига и ви фали од тој град во Скопје ?

Во Битола луѓето се смирени се е некако пополека никој не брза … секој во 12 часот е на кафе, кафето не е  да седнеш и некој муабет битен, тоа е рутина денес на кафе хахах. Битола ми е одмор за мене и мојот син а Скопје е град кај што можеш да напредуваш имаш можности, имаш шанси да работиш и да заработуваш … во помалите градови тоа не е возможно со самото тоа дека пола град е иселен…,.

5 Ја сакате Политиката и завршивте 9 та Политичка Академија за Социјална Демократија … дали и самата професија и студирањето ви влијаат на оваа политичка амбиција ?

Првично мојата желба беше да запишам Политички науки но мојата мајка тоа го оспоруваше мислејќи дека Политиката не треба да се учи таа или те бива за Политичар или не … сакаше да ме отргни малку од таа мисла но како викат кога нешто посакуваш … самата желба ќе те однесе таму, така и со Политиката. Нашата генерација верува повеќе во луѓето отколку во политиката. Веруваме во помагањето, бидејќи постојано се среќаваме со солидарни луѓе.

6 За крај кажете ни што би му препорачале на младите претприемачи за нивните вработени како да ги користат човечките реурси како да имаат квалитетна работна сила?

Секој вработен првично мора да ја сака работата што ја работи. Таа работа да го мотивира да научи нешто ново за да има напредок, затоа препорачувам повеќе обуки и можности да има за секој вработен да се надоградува и како вика Смилјан Мори ”секој може да биде милионер” … најдете добар ментор и работете заедно .Си земам за слобода и за право да кажам вакво нешто за себе. Имам свои визии за кои сметам дека гарантираат успех. Можеби не веднаш, но со истрајна работа за неколку години може да стане реалност за секој. Карактерот заедно со волјата е еднакво на  успех.

Слични објави