ВЕСТИ

Чека дете во 70та година од нејзиниот живот, лекарите не можат да поверуваат.

Една жена од Мексико тврди дека е трудна и тоа во 6ти месец. Марија де ла Луз веќе е мајка на 7 деца, ако нејзината теорија е точна, тогаш ќе стане најстарата родилка на светот.

Госпоѓицата Марија на новинарите им го покажала ултразвукот во кој тврди дека таа е трудна во нејзиниот 6ти месец и дека очекува девојче.
“Ми рекоа дека е девојче. Погледнете, овде може да се види нејзиното малечко главче”. – изјавила Марија, покажувајќи го ултразвукот на новинарите кои ја посетиле во нејзиниот дом во Мексико.
Де ла Луз не открива никакви детаљи за нејзината бременост, така да не е познато дали се работи за вештачко оплодување или слични постапки. Изјавила дека за нејзината бременост дознала пред 3 месеца.
” Имав болки во нозете, повраќав и имав вртоглавици. Во државната болница ми направија 10 прегледи со ултразвук. Лекарите не можеа да поверуваат”.
Останатите нејзини деца не се задоволни со оваа вест, бидејќи сметаат дека е престара за вакви ствари.
Ако Марија се породи, тогаш таа ќе стане најстарата родилка во светот, поминувајќи ја до сега 4 години помладата родилка по име Марија дел Кармен Бусаде де Ларе.

Слични објави