#НЕЧИТАЈ

Го сменила името на својот син поради тату грешка

Мајка од Шведска одлучила да го промени името на својот пет годишен син, откако видела дека има грешка на нејзината тетоважа.

Швеѓанка, по име Џоана, одлучила синот Кевин да го преименува во Келвин. Грешката на тетоважата е приметено од страна на роднина откако земала да ја слика нејзината тетоважа.
“Не ми делуваше како да е направена грешка, бидејќи буквите од моја перспектива се свртени наопаку. Кога роднината ме фотографираше , приметив дека наместо Кевин напишано е Келвин. Мислевме дека е некоја шега.” -изјави Џоана. Џоана исто така додала дека се вратила назад во тату студиото, за да им спомнат на тату мајсторите дека е направена грешка, но од таму и рекле дека лесно може да се направи ласерска операција.
“По некое размислување, одлучив да го сменам името на мојот син во Келвин” – изјави Џоана.
Швеѓанката изјавила дека сакала да направи уште една тетоважа на нејзиното новороденче по име Фреј, али нагласила дека ако треба ќе го напише и 10 илјади пати само да не биде погрешно напишано.

Слични објави