„Зборуваше со гласот на мојот мртов сопруг“- страшна исповед кој ќе ви ја замрзне крвта

Верувањето во вампири во Србија постои одамна. Уште од старите времиња се прераскажувале приказни за блиските средби со мртвите. Особено во селските и рурални средини, вакви приказни има во избилство, додека во градовите ги има значително помалку. Секој од нас сигурно слушнал иста верзија на некоја страшна приказна неколку пати. И тоа од различни луѓе, идентична приказна, но различно место. Во тие работи е тешко да се поверува, бидејќи сето тоа е преголема случајност и делува како приказна за мали деца.

Меѓутоа,една баба има навистина страшна приказна. Толку страшна што ќе ви замрзне крвта, а не е од оние кои се повторуваат и сите ги знаат.

-„ Мојот сопруг почина, а јас слушнав дека постои некоја гатачка во влашкиот крај, која се поврзува со мртвите. Сакав да видам како му е таму. Кога стигнав, жената на мене и синот ни рече да седнеме и да чекаме да постави прашање, па да одговараме. Но, по неколку минути молчење, жената проговори со гласот на мојот покоен маж и ми рече: „Зошто не миоблече нови панталони кога заминував, а сега синот ги носи нив?“ Само што не се онесвестив, бидејќи мојот син навистина ги носеше панталоните на татко му тогаш.“- пренела жената и буквално сите ги оставила со подотворена уста.

loading...

КОМЕНТАРИ