Во Прилеп започнаа подготовките за патрониот празник Свети Никола

- Категорија: Кујна

Во Прилеп денеска започна подоготовките за големиот христијански празник Свети Никола кој од пред 11 години е прогласен за заштитник на градот Прилеп и негов патрон празник. Традиционално како и секоја година подготовките започнуваат со виткањето на малите посни сарми, кои ги подготвуваат прилепските домаќинки, членови на пет здруженија од градот. Годинава домаќин на градската слава е компанијата „Васидора“.

„Ова е голема чест за нас како компанија да бидеме домаќини на овој празник и ќе се потрудиме заедно со општината организацијата на овој настан да биде на највисоко ниво. За патрониот празник на Прилеп, „Свети Никола“, ќе бидат свиткани 65.000 мали посни сарми. За трпезата пак која ќе биде поставена за граѓаните, на 19 декември во центарот на Прилеп, ќе бидат употребение 1.200 кг. зелка, 200 кг. грав, 80 кг. ориз, 40 кг. црвена пипер, 300 литри масло за готвење. 350 кг. риби, 100 кг. маслински, 100 кг. овошје, 2.000 литри бело и црвено вино како и 100 литри ракија“, истакна Јоргос Василопулос, сопственик на компанијата „Васидора“.

Од општина Прилеп потенцираа дека големо е задоволството што продолжуваа оваа традиција во градот под Марковите кули, а по примерот на Прилеп и други градови во Македонија започнаа да поставуваат православни светители за свои заштитници.

„Уште поголемо задоволство е што еден од најголемите економски брендови за Прилеп, компанијата „Васидора“ се домаќини и им посакувам да имаат многу здравје, среќа и успех понатаму во работењето. Прилепските компании со учествувањето на овој настан покажуваат една голема општествена одговорност. Да им се заблагодарам и на сите женски организации кои редовно учествуваат во виткањето на сармите, тие се оние вредни раце кои пред неколку години го донесоа и гинисовиот рекорд за Прилеп. Во оваа прилика сакам да ги поканам сите наши сограѓани во недела во 15 часот попладнето во црквата Св.Благовештение ќе има вечерна бослужба по повод празникот, и главната литургија која ќе се одржи утрината во 7 часот наредниот ден во понеделникот, а потоа од црквата со една свечена литија сите заедно ќе се упатиме до центарот на градот каде ќе се продолжат црковните обреди пред параклисот посветен на Свети Никола. Тука ќе биде поставена и трпезата за граѓаните, а ќе има и пригодна културно-уметничка програма, истакна Марјан Ристески, градоначаник на Прилеп.

Ристески им ја честиташе славата на сите прилепчани кои за своја куќна слава го имаат овој ден, како и именденот на оние кои го носат името на овој голем православен светител. Во понеделник исто така ќе се одржи и традиционалната изложба на наши уметници која се организира секоја година по повод овој празник.

loading...

Слични објави

Проверете ги актуелните понуди во Hotel Russia & Spa

Во рибата и другите морски специјалитети не мора