Турлитава
giboni

Вечерва концерт на Џибони во арената „Борис Трајковски“

by

Еден од најпопуларните пејачи во регионов, Џибони вечерва ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

giboni

Почетокот е закажан во 21часот, а вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите еден час порано.

Неповторливиот сплитски кантавтор доаѓа во Скопје во придружба на десет музичари, но и со специјалните гости: македонскиот легендарен гитарист Влатко Стефановски, негов долгогодишен пријател и соработник, и импресивната вокалистка

Стефани, од славниот „Лондонски госпел-хор“. Покрај нив, гостин на исклучителното концертно доживување ќе биде и Ламбе
Алабаковски, победник на неодамнешниот „Скопски фестивал“.

Според организаторот, продукцијата „План Б“, владее голем интерес за концертот и најголемиот дел влезници веќе се распродадени.


врати се горе