Тепачка на автобуска во Скопје- го прашал дали сака да се тепаат, па почнал да го удира со тупаници

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19- годишниот Ф.Џ. и двајца малолетници на возраст од 17 и 15 години, сите од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

На 08.03.2017 година, околу 18.30 часот на бул “Кочо Рацин“поточно во близина на автобуска постројка во автобус на ЈСП бр.67,  пријавените извршиле насилство врз 17 годишен малолетник од Скопје, на тој начин што додека се возеле со автобусот на потегот пред автобуската постојка на Југодрво кога го забележале оштетениот пријавените му се приближиле и откако првопријавениот го прашал дали сака да се тепаат, физички го нападнал удираќи го со тупаници во пределот на главата по што му се придружиле и другите двајца кои продложиле да го удират во пределот на главата и телото со тупаници а имале на рацете и боксирачи. Кога автобусот на постројката пријавените избегале во непознат правец, додека оштетениот поради сериозноста на повредите се упатил во градската болница Св.„Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

loading...

КОМЕНТАРИ