Тајзи роденденски „части“ нова песна- Слушнете ја „Афтер“

Драган Величковски – Тајзи освен што денеска роденденски ги дувна свеќичките на тортата, реши своите фанови да ги почасти со уште една нова песна.

„Афтер“ е дело на двајцата надежни диџеи и продуценти „Дисконектед“, аражманот е на Ивајо, а текстот на Тајзи.

Иако забраната за македонска музика се уште трае, Тајзи продолжува да биде активен во снимањето нови песни. По Нова Година подготвува уште една песна, а наскоро може да го очекуваме и целиот албум.

Слушнете ја „Афтер“ на Тајзи, Ивајо и Дисконектед:

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *