Тајните на волшебната кујна во Дистрикт бар и ресторан

- Категорија: Кујна

Уникатно дизајниран, уреден во модерен стил и доза на традиција, Дистрикт бар и ресторан нуди атмосфера за сите оние гости што сакаат да се чувствуваат пријатно и опуштено во кој било период од денот. Посебно задоволство за посетителите е отворената кујна на ресторанот околу која се сместени масите, а тоа создава амбиент на блискост, отвореност и лесна комуникација помеѓу професионалниот готвачки тим во кујната и присутните гости. Во целиот тој отворен простор, Питер Татар – главниот шеф на кујната, преку мешавината на рецептите од Источна Европа и медитеранските влијанија, многу брзо ги буди сетилата на мирис и вкус, отворајќи го апетитот и поттикнувајќи ја желбата кај гостите да вкусат нешто ново, уникатно и вкусно од менито на Дистрикт.

district-kitchen-bar

Турлитава: Кои се принципите на приготвување храна во кујната на Дистрикт?

Питер Татар: Во кујната ни е важно да ја следиме традицијата, вашата традиција, бидејќи имате доста зачини и свежи состојки за подготовка на јадења. Исто така се трудиме да комбинираме рецепти од Источна Европа и некои нови готвечки вештини.

district-kitchen-bar-2

Турлитава: Какви состојки и зачини користите?

Питер Татар: Нашата кујна се користат различни состојки и зачини. Еден од зачините е „Сума“ (Suma) кој највеќе се користи во Турција. Исто така користиме и „Какао путер“ кој може да се користи за јадења кои се припремаат на висока температура како риба, но може да се користи и во приготвување топло чоколадо. Една од состојките е и говедското месо кое на нашето мени го нудиме на шест различни начини.

district-kitchen-bar-skopje

Турлитава: По што би се издвоиле од останатите, која е вашата уникатност?

Питер Татар: Една од нашите уникатности што се единствени не само во Македонија, туку можеби и пошироко е Џоспер скарата и месото подготвено на неа, што е навистина ценет и баран метод при создавањето на нашите специјалитети. Имаме и сопствена, мала градина, а исто така возбудливи се и специјалитетите со риба кои можат да бидат подготвени на многу начини и по желба на гостите.

district-kitchen-bar-skopje-5

Турлитава: Која е тајната на кујната?

Питер Татар: Тајната на кујната е во нашите посветени готвачи со регионално и меѓународно искуство. Тие се страсни готвачи… И нашата приказна не застанува овде…Ние контунурано се надградуваме и учиме нови работи.

loading...

Слични објави

Проверете ги актуелните понуди во Hotel Russia & Spa

Во рибата и другите морски специјалитети не мора