„Стани чедо да ги видиш сватовите“- девојчето од Неготин погребано во венчаница и вел на главата

15- годишната тинејџерка од селото Милајница кај Неготин, која според неофицијални информации се убила пред татко и брат и со пиштил кој бил на татко и, но не бил легално регистриран, е погребана вчера на локалните гробишта во бела венчаница. На главата имала вел, а на слеепоочниците два цвета кои ги прекривале раните од куршум.

Стотина роднини, пријатели и училишни другари во солзи го испраќале девојчето, а мајката неутешно плачела врз белиот ковчег.

-„Пиле мое, стани да ги видиш своите црни сватови. Те испратив на училиште по диплома, мислев ова друштво на свадба да ти дојде, а сега леат солзи пред нашиот дом.“- таќела мајката.

Нејзините другарки знаеле кој бил симпатија на девојчето и дека меѓу нив постоела хемија. Велат дека го сакала, но дека не веруваат дека кренала рака врз себеси поради невозвратена љубов.

Таткото на девојчето, по сослушувањето бил на погребот. Во неговите очи се гледале само болка и каење.

Посмртната поворка ја одржал романски свештеник.

loading...

КОМЕНТАРИ