Специјалитет за 2017 година

- Категорија: Занимливости

Новата година сите ја започнуваме со надеж и очекувања. Правиме план како да бидеме поуспешни и задоволни во текот на 365-те дена. Но тоа зависи единствено од нас. За да ви помогнеме во планирањето, тимот во хотел Руссиа за вас подготви рецепт за 2017 година.

Следните дванаесет месеци добро исчистете ги од грижа, себичност и страв. Секој ден од месецот исполнете го со смеса од труд, ведар дух и смеа. Додадете оптимизам, трпеливост и грижа за блиските. На сето тоа додајте многу љубов.

Овој специјалитет украсете го со букет од мали гестови на внимание и сервирајте го секој ден со задолжителна ведрина и добра мисла. А вие, препуштете ни се нам во Новата година да ве послужиме со вкусно кафе, топол чај, салеп или вкусните слатки од вештите раце на нашите мајстори.

loading...

Слични објави

VIP ли беше спонзор на нашата ракометна репрезентација?

Пошто VIP беа спонзори на Македонската ракометна репрезентација,