Соновник – В

А  Б  В  Г  Д

Вајар
– интересна средба на пат.

Вакцинација
– неискрени пријатели.

Валцер
– да играш: ќе изјавиш љубов на некој;
– да видиш други да играат: тага.

Вампир
– да те дави: болест и незадоволство;
– да го видиш: љубовна понуда.

Варосување
– ќе поминеш преку нанесените повреди, промена на работата или имотот.

Вдовец / вдовица
– те чекаат животни радосни и пријатни вести, венчавка.

Велосипед
– да возиш: брзо ќе стигнеш до саканата цел, мала добивка и успех;
– да видиш: среќата ти е променлива.

Венец
– за покојник: неприлики и кавги со соседите;
– да плетеш: заговорништво;
– да носиш на глава: клевета;
– од цвеќе: љубовни грижи;
– од злато: убав живот;
– на гроб: наследство.

Венчавка
– да видиш: среќен брак и добивка;
– со девојка: ќе имаш среќен брак;
– со вдовица: внимавајте на жената и на нејзиното однесување.

Вепар
– се ќе ви тргне од рака особено во љубовта;
– да го видиш: ќе се смириш со непријателот;
– да го убиеш: те чека авантура.

Верверица
– да видиш: неочекувана радост;
– да ловиш: женидба.

Веселба, веселење
– ќе те снајде некоја беда, каење и кавга, тага.

Весло
– кратко патување и познатство на него, радост.

Вести
– да слушнеш во сон: непотребни трошоци, непријатни новости.

Ветерница
– непријателите ќе ти подвалат, нема ништо од венчавката.

Вечера
– да бидеш поканет: работите не ти се најчесни;
– да вечераш во друштво: среќа во работата, добивка, чест.

Вештерка
– да видиш: среќа;
– да бидеш: загуба и грижи.

Видра
– среќа во несреќа.

Викање
– по некого: болест;
– помош: непријатни вести.

Вила
– болниот ќе оздрави.

Вилици
– ќе бидете соочени со озборување.

Вилушка
– претпазливо со работата во наредниот месец.

Вино
– да исипеш: ќе исмејуваш некого кој те сака, не биди нетрперлив признанието доаѓа;
– да пиеш бело: неочекувана радост;
– црвено да пиеш: смрт, неволја;
– црно да пиеш: убава иднина.

Винова лоза
– не се мешај во туѓа работа.

Виножито
– успеси на работа, промени на подобро.

Виолина
– да видиш: среќно домаќинство;
– да слушнеш: ќе бидеш набрзо на забава.

Виор
– ќе бидеш изложен/а на непријатни доживувања.

Витез
– ќе добиеш љубовна понуда.

Виулица
– болест во смејството.

Виц
– да кажуваш на зборови сте јаки а на дело сте слаби.

Вишна
– да береш: грижи;
– да јадеш: нема да го добиеш она што ти е ветено;
– да береш и да јадеш: неконтролирани страсти – ќе уживаш во нив.

Влакнест
– болест.

Влечки
– на туѓи нозе: некој искрено те очекува, љубовна идила;
– на себе: среќа, радост и добивка.

Воздух
– чист: успех;
– замаглен: одложете ги обврските за неколку дена.

Вода
– студена: среќа, радост;
– топла: болест;
– матна: пречки, грижи, опасност;
– бистра: среќа и мала добивка;
– длабока: опасност;
– одење низ вода: ќе избегнеш опасност;
– да одиш по површината на водата: за тебе не постојат пречки;
– да блика од цевки: бурен емотивен живот.

Воденица
– ненадејна добивка, можно наследство;
– да видиш: работата ќе ти напредне;
– да мелеш во неа: озборување.

Водопад
– по разочарувањето ќе бидеш помудар и повнимателен, радост.

Возен билет
– кратко патување.

Возење
– со автомобил: незгоди и кавги;
– со воз: неодлучни сте во промена на работата.

Војна
– справување со тешкотиите, судир со власта.

Војник
– да бидеш: те очекува понапорна работа, ќе изостане очекуваната помош;
– да видиш: кавга, инает.

Вол
– среќа во љубовта, не се двоумете во намерите.

Волци
– да видиш: лутење и гнев;
– да слушнеш како завиваат: неволја ќе те притисне;
– да бидеш гонет од нив: некој ти работи зад грб ама ќе го совладаш.

Вонбрачно дете
– ќе платиш поради озборувањата.

Вонземјанин
– неволја срам и немири во куќата.

Воскрснување
– нови вести.

Восочна свеќа
– тага.

Вошка
– да имаш: непријатности од кои брзо ќе се извлечеш;
– да убиваш: богатство и добивка;
– кај некого да видиш: напредок.

Вратоврска
– ќе западнеш во долгови.

Врба
– имате чесни односи во работата со партнерите;
– да видиш: среќа, чесност;
– да сечеш: те очекуват тажни денови, несреќна љубов.

Вретено
– успех, среќа, свадба.

Вреќа
– полна: ти се зголемува имотот;
– празна: ти се заканува штета, тага и грижи;
– да носиш: малку повеќе да ја цениш туѓата работа.

Врзан
– да бидеш: ќе бидеш поканет на богата вечера, средбата на свеченоста ќе внесе големи промени во вашиот емотивен живот;
– да врзеш некого: кавга со соседите.

Вриење
– да видиш: те очекува добивка од игри на среќа.

Вулкан
– изгаснат: ненадејна добивка;
– да работи: те очекува голема промена, пријатно изненадување.

loading...