Соновник – Г

ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-a/' > А ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-b/' > Б ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-v/' > В ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-g/' > Г ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-d/' > Д

Гавран
– мртов: направената неправда ќе ти биде исправена;
– да го слушнеш: биди храбар во наметнатата борба;
– да облетува околку куќата: тажни вести, смрт;
– да го видиш: радосни вести и среќа.

Гаѓање во нешто
– остварување на желбите.

Гајди да слушаш
– неочекувана веселба,свадба.

Гајтан
– одврзување: љубовни или семејни неволји;
– врзување: задоволство од постигнатото;
– кинење: одлучно прекинете со врската.

Галеби
– за парови во брак: разделба со солзи;
– за самци и поеднинци: среќа во љубовта, радост и веселба.

Галерија со слики
– среќна иднина, важни вести значајни за иднината.

Гаража
– јавна: напредок во општата работа;
– приватна: некому кому верувате ќе ве измами.

Гардероба
– празна: одбегнувајте задолжување по секоја цена;
– полна: материјален успех во работата.

Гасеници
– пријателот не ти е искрен, загуба на коцка, посета која ќе ви го смени живото.

Гатачка
– имаш голем непријател, верувајте во себе и своите практични потези.

Гаќи
– да изгубиш: штета во имотот, неверство, не сте сигурни во својот избор;
– да најдеш: ненадејни финансиски трошоци;
– женски: лошо ти се пишува;
– машки: скандал, срам, лоши вести.

Генерал
– да бидеш: успешната работа ти е најдобра награда;
– да видиш: ќе се најдеш во друштво на познати личности.

Генитални органи
– големи грижи и тешкотии на видик;
– несигурност во себе.

Географски карти
– ненадејно патување.

Гитара
– да видиш: ќе добиеш подарок;
– да свириш: ќе останеш миленик на околината, признание и успех.

Глава
– истрижена: загуба;
– бела: голема чест;
– ќелава: штета, неочекувани потешкотии на работа;
– избричена: ќе те најде несреќа;
– отсечена: ќе изгубиш пријател.

Главоболка
– ќе бидеш замешан во судска постапка,финансиски трошоци,неправедно сомневање.

Гладен
– да бидеш:ќе добиеш на лотарија.

Гладиола
– напредок.

Гласање
– верувајте повеќе во себе.

Глодари
– околу себе: нечиста совест,правите нешто непромислено.

Глув
– да бидеш: среќен живот со саканото лице;
– да видиш: деловен успех.

Глушец
– внимавајте на крадци,штета и глад.

Гнездо
– на ластовица: добивка
– на птици празно: долго отсуство од татковината;
– со јајца: среќен брак со многу деца;
– со пилиња: добивка;
– за симнеш од дрво : венчавка и мираз.

Гол
– да бидеш: одлука да направите пресвртница во животот;
– да бидеш гол со саканото лице: здравје и напредок;
– да се видиш себе си гол: тага, срам;
– да видиш друг гол : беда и непријатност.

Говеда
– да видиш: благосостојба, добивка;
– да заколеш: несреќна љубов.

Говор
– да држиш: ќе успееш да им ја наметнеш волјата на другите, ќе добиеш чест;
– да слушаш: ќе правиш добри работи;
– странски јазик: ќе се израдуваш на гостин од далечен пат.

Говорница
– друштвено признание.

Гозба
– да бидеш: голема радост;
– да видиш:минливи грижи.

Гол
– да дадеш: нови пријатели, нови деловни прилики.

Гонет
– да бидеш: штета од озборување.

Горила
– питома:нов пријател;
– страшна:недоразбирање.

Гости
– да имате: ти се заканува некоја незгода,кавга;
– да бидеш гостин:ќе имаш големи трошоци;
– да пречекуваш:набрзо некое радосно случување.

Готвач
– да видиш:прељуба;
– да се расправаш со него: неслога во бракот;
– да видиш како готви: родна година.

Готвење
– на другите им предизвикуваш среќа,а себе си грижи.

Грабнување
– неслога во брак,кавга меѓу вљубените.

Грав
– да јадеш: неприлики;
– да видиш: здравје.

Град
– непознат:не сте задоволни од начинот на животот што го водите.

Гради
– женски разголени:со малку иницијатива ве очекува задоволство;
– да бакнуваш:неверство.

Градилиште
– биди претпазлив со големи зделки;
– потребна ви е љубов а вие од неа бегате.

Градина
– засеана: напредок;
– изгазена:ќе имате штета поради некој друг;
– стаклена:блескава иднина во секое подрачје од животот;
– со цвеќе: зголемување на имотот,свадба,парична добивка.

Градинар
– да бидеш:ќе уживаш во љубовта;
– да видиш:наидува непријатности досада.

Грамофон
– тешки облаци над љубовната врска;
– да видиш:внимавај на своето однесување.

Граната
– да видиш: опасноста е близу,некој кому верувате ве лаже;
– да експлодира:ќе ве снајде несреќа.

Граница
– да поминуваш:успех никако не се откажувајте од тоа што ви е наумено.

Гранка
– која се ниша: внимавајте во довербата на пријателите.

Грашок
– да береш:ќе го зголемиш својот имот;
– да јадеш:невино си осуден,неправедно.

Грб
– ќе стекнеш голем углед во својата околина.

Гребло
– ќе ги средиш личните проблеми.

Греда
– товар, бреме.

Греење
– болест во куќата.

Грижа
– безгрижен живот на јаве.

Грмотевица
– да слушнеш:непријатни вести,тага;
– со молња:неочекувана среќна средба.

Гроб
– да копаш:свадба,добивка среќа во бракот;
– да видиш отворен:смрт во семејството;
– да бидеш во гроб:љубовна авантура.

Гробишта
– да видиш:среќна старост и исполнување на желбите;
– шетање по гробишта:лош брак,тага недостаток на самодоверба.

Грозје
– да береш:неочекувана разделба и солзи;
– да гмечиш:ќе стекнеш нови познајници;
– да јадеш:ќе имаш повеќе љубовници.

Гром
– внимавајте на некоја несреќа.

Губење нешто
– трудот е залуден.

Гужва
– кавга.

Гулабарник
– свадба, радост,чест.

Гулаби
– бели:среќа задоволство,радост;
– да ги видиш:пријатни гласови;
– да летаат:радост;
– да убиеш гулаб:загуба на верен пријател;
– да одлетаат:привремена разделба со саканиот.

Гума
– да купуваш:прекинување на грижите;
– да менуваш:внимавајте на парите.

Гуски
– да летаат:добивка,женско друштво;
– да колваат : не подржувај будалести идеи;
– да јадеш: домашни немири;
– јато: нови познанства.

Гушење
– проблеми со здравјето, посетете лекар.
Гуштер
– скриените непријатели ти подготвуваат стапица;
– промена на престојувалиштето.