Соновник – Б

ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-a/' > А ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-b/' > Б ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-v/' > В ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-g/' > Г ee3736; color:#ffffff;' href='http://turlitava.com/sonovnik/sonovnik-d/' > Д

Баба
-своја баба: семејна веселба;
– туѓа баба: јадови или лутење;
– жива и здрава: помош од лице од кое ништо не сте очекувале;
– на одар: сте заборавиле на некои ветувања.

Бабица
– за слободните брак, за венчаните деца, на старите болест, откривање на тајни;
– да бидеш: се мешате во туѓи работи;
– непозната: следи весело доживување;
– да ја викаш: набрзо ќе одите на повојница.

Бабун
– брак, среќа.

Багрем
– без цвет: тага, жал;
– со цвет: надевајте се на успех.

Бадем
– неизлупен: радост, уживање;
– излупен: грижа и секирација;
– да јадеш: пријатни вести;
– во цвет: краткорочен успех.

Бадник
– мир во душата, веселба, среќа.

Базен
– радост;
– валкан: внимание во работата и коцката;
– градинарски: предизвик за успешна љубовна врска.

Бајка
– да слушаш: некој ќе те измами;
– да раскажуваш: безуспешно се обидуваш да излажеш;
– да кажуваш: се одмарате одејќи некаде на одмор.

Бајонет
– ќе бидеш војник, работа и обврски без ваша воља.

Бакалар
– грижи;
– да јадеш: болест меѓу најблиските.

Бакар
– да видиш или коваш: биди поскромен.

Бакарни пари
– да ископуваш: попусти желби.

Бакарни садови
– те чека благосотојба.

Бакнување
– со пријатели: помирување;
– со мртви: смрт;
– да гледаш други како се бакнуваат: тага;
– со саканото лице: среќа по немирни моменти;
– со својата жена/маж: кавга во домот;
– со туѓа жена/маж: добар знак за се што ќе почнеш.

Бакшиш
– да дадеш: ќе бидеш великодушен, те искористуваат пријателите;
– да примиш: ќе дознаеш важна тајна.

Бал / забава
– ќе бидеш поканет на свадба или свршувачка;
– да играш на бал: внимавај на непријатности;
– убаво да се забавуваш: некому се допаѓаш;
– со музика и играње: непријатности од лична природа;
– под маски: некој ќе ти наштети во угледот.

Балерина
– непотребни трошоци, помала штета.

Балет
– да гледаш: ти престои разочарување, итрина, измама, вознемиреност.

Балкон
– да видиш: љубовта ке ти биде возвратена;
– да бидеш на балкон: положбата не ти е сигурна;
– во воздух: нереални деловни планови.

Балон што лета
– добивката ќе ти избега од раце.

Балсам
– добро здравје.

Банана
– радост и пријатни вести.

Бандит
– се наогаш во опасност за која не си свесен;
– да бидеш водач на банда – недостаток на иницијатива;
– да бидеш нападнат од бандит – ќе дозивееш став и некој проблем со хранопроводникот.

Банка
– да посетиш: тага и грижа во работата.

Банкар
– не впуштајте се во шпекулации.

Банкет
– љубов среќа.

Бар
– парични давачки и загуба.

Бара
– да видиш: многу работа а малку полза;
– да паднеш во бара-си тргнал по лош пат, болест.

Барабан
– кавга.

Барака
– да видиш: сиромаштија и несигурност;
– да живееш во неа-те чека безгрижно утре.

Батериска ламба
– помош од влијателен пријател.

Бебе
– мало штотуку родено: свесни сте за своите компромиси;
– да добиеш: внесете повеке живост во вашиот живот;
– мртво родено: со причина сте песимист но ќе најдете решение;
– туѓо: се надевате да го решите недоразбирањето;
– изгубено: ненадејна радост, позитивен пресврт.

Бегање
– за мажи: предавство на соработниците,
– за жени: непромислени чувства

Бегање од некого
– ќе ја одбегнеш опасноста.

Бедра женски
– убави полни – контролирај ги своите желби, грди и слаби – кавга во семејството.

Бела боја
– радување.

Белег
– на екстремитетите: успех кај спротивнит пол;
– на телото: одбегнете го скандалот.

Бележник
– непредвидени трошоци.

Бемка
– непријатни вести.

Бербер
– загуба, штета.

Бесилка
– внимавај на лажните пријатели.

Библија или куран
– свети книги: непријатна вистина за вас која другите ја криеле;
– да читаш: веселба и радост во куќата;
– да видиш: смртен случај.

Библиотека
– повекекратно ке ви се исплати трудот.

Бик
– ке ти се случи нешто значајно;
– да видиш: гозба и веселба;
– да убиеш: ке изгубишн пријател;
– да јаваш на бик: незгодите ке ве заобиколат.

Бисер
– да видиш: радосна вест;
– да добиеш на подарок: ненадејна добивка;
– да изгубиш: лоши вести.

Близнаци
– да родиш: ти се заканува неволја.

Богат
– да бидеш: одбегнувај ризици.

Богатство-загуба,неволја,болест

Божиќ
– благосостојба во куќата.

Болви
– опкружени сте со злоба, можна измама;
– да убиваш: ќе го победите непријателот.

Болен
– да посетиш: ке ти се исполни желбата, добивка награда;
– да лежиш во болница: неволји, трошоци;
– да бидеш болен: не подлегнувај на минливите грижи;
– болен да бидеш па да оздравиш: веселба и радост.

Болница
– да бидеш: ќе се ослободиш од товарот;
– да видиш: те очекува подобар живот.

Борба
– да видиш: имаш многу тајни непријатели, опасност и парични тешкотии;
– да ушчествуваш во борба: кавга и немир;
– со животни: ненадејно наследство.

Босоног
– да бидеш: сиромаштија и уништен углед;
– да бегаш: ќе западнеш во финансиски неприлики.

Брава
– помирување со противникот, ќе откриеш некоја тајна.

Брада
– да имаш голема: наследство и здравје;
– мала: сиромаштија и беда;
– да избричиш: ќе се најдеш во опасност.

Брак
– да договориш: добивка;
– да напуштиш: добра заработувачка.

Брана на река
– несреќа и штета, повторно разислете за своите планови.

Бранови
– некој те озборува.

Брат
– да видиш: семејна среќа, долг живот;
– да изгубиш: загуба меѓу блиските.

Брачен другар
– добивка и деловни успеси;
– да се милуваш: набрзо кавга.

Брашно
– да квасиш: женидба;
– да сееш: среќа и радост.

Бреза
– брзи и добри вести.

Брич
– сиромаштија и грижа
– бричење: загуба, сиромаштија и беда.

Брод
– голем на вода: ненадејна материјална добивка.

Бродолом
– да видиш: искрено пријателство;
– да претрпиш: грижи и непријатности.

Броење
– некој ќе те вознемири;
– броење пари: непријатност кога најмалку се надеваш.

Број 5
– среќен број кој означува здравје и задоволство.

Бубамара
– деловен успех со малку труд.

Був
– да слушнеш: болест и смртен случај во близина
– да видиш: искрените пријателства се голема реткост.

Бубачки
– ќе те ценат поради скромноста;
– на свое тело: кавги и непријатности.

Будилник
– кој ѕвони: непријатно доживување во семејството;
– скршен: нема да ви се остави замислата.

Букви
– да видите: ќе примите некои вести;
– да пишувате: ве очекува несреќа на новата работа;
– да учите: децата ќе ви пружат големо задоволство.

Букет
– да примите: ве очекува големо внимание и убави вести;
– да изгазите или фрлите букет: ве очекува кавга со пријателите или разделба со саканото лице;
– да видите: набрзо веселба, посета на саканото лице или раѓање на дете
– овеенат: неисполнети надежи.

Бумбар
– ќе го фатиш крадецот на дело.

Бумеранг
– ако се врати: внимавајте на нечесни соработници,
– ако не се врати: промена на местото на престој.

Бунар
– да видиш: по опасноста очекувај подобри моменти, ќе добиеш јавно признание;
– да вадиш вода од бунар: ќе се ожениш/омажиш со богат(а);
– да пиеш вода од бунар: здравје и веселба;
– да паднеш во него: тага, грижи и тешка иднина.

Бунда
– ќе стекнеш големо богатство.

Бунт
– во започнатата работа нема да имаш среќа, промена на професијата, губење на професијата.

Бура
– несреќа на видик, болест и кавга;
– на море: среќа во љубовта.

Буре
– полно: радост во сиромаштијата, за вас се грижи некој на кого исто така му треба помош;
– празно: лутење;
– големо: благосостојба;
– мало: имаш љубопитни соседи.

Бурма
– да носиш: среќен брак;
– да изгубиш: лутење и бес;
– да добиеш: верна љубов.

Бучно
– ги потиснувате желбите бидејки сте неодлучни.

Бушење
– ќе дознаеш големи тајни за твоите противници.