Соновник – А

А Б В Г Д

Абнормалност
– решение за прекинување на грижите.

Абортус
– грижи, озборување, љубомора, страв.

Аван
– сте се заљубиле во погрешна личност,
– ако толчите нешто во аван: посета,
– празен аван: неодлучни сте.

Авантура
– закана од опасност, промена на средина.

Август
– во лето: успех;
– во зима: неочекуван пат.

Авион
– да се возиш: ризикот ќе ти се исплати;
– да видиш: промена на подобро;
– скокање од авион: внимавајте на незгода;
– во лет: грижите ќе исчезнат;
– да паднеш од авион: добивка од некого во кого сте немале доверба.

Авијатичар
– успех во друштво.

Авокадо
– активен љубовен живот.

Автобус
– без големо залагање не очекувајте награда.

Автомобил
– да се возиш: успех, унапредување;
– да го видиш: ќе слушнете важни вести.

Агент
– преговори со агент: пријатна промена на средината.

Адвокат
– грижи, давање пари, непријатности;
– да бидеш адвокат во сон: некој се меша во вашите планови.

Адмирал
– успех на работа или во друштво.

Адреса
– да изгубиш или да бараш во сон, да видиш, да пишуваш да читаш адреса: ќе имаш гости;
– да пронајдеш: подарок.

Аеродром
– да видите: набрзо ќе тргнете на патување полно со проблеми, но со среќен крај;
– да видите многу авиони на писта: ви доаѓаат добри вести;
– да полетувате: ќе ви оствари голема желба.

Азбука, абецеда
– да видиш, пишуваш, читаш: те чека голема и напорна работа.

Азија
– те очекуваат романтични моменти.

Ајвар
– да јадеш: желбата нема да ти се исполни;
– да правиш: попусто трудење.

Ајкула
– ќе дојдеш во опасност, кавга, болест;
– во вода: ќе се скараш со некого кој ти е важен;
– да бегаш од неа: набрзо ќе се смириш со некого;
– на суво: ќе биде така како што сте испланирале.

Академија
– пријатни искуства со нови пријатели.

Аквариум
– полн со риби: непријатности, грижи, љубовни кавги;
– празен: грижи без причина.

Акробат
– да бидеш: ќе се ослободиш од грижите;
– да видиш акробат: неочекувана добивка;
– во циркус: ненадејна парична добивка.

Акти или документи
– да видиш: те ошекува патување;
– да прелистуваш: напредување во кариерата.

Актовка
– нова: успех во работата;
– стара: деловна стабилност.

Аларм
– возбудлива и вносна работа.

Алат
– ќе добиете награда за труд, бидете истрајни во работата;
– да купуваш: среќен почеток на некоја работа;
– да продаваш: ќе изгубиш пријател;
-да изнајмиш: смрт во подалечно семејство.

Албум
– да прелистуваш: средба со поранешна љубов;
– да гледаш во туѓи раце: непријатен гостин.

Алва
– да јадеш: забоболка.

Алги
– следуваат подобри времиња за вас.

Алеа, дрворед
– во градина: безгрижен живот;
– во шума или поле: неверна љубов;
– огреана од сонце: пријатни вести, веселба;
– на гробишта: сомнеж без причина.

Алергија
– на некој друг: вашите планови имаат изгледи за успех;
– да имаш: пријатни друштвени вести.

Алиби
– да дадеш: одбегнувајте кавга.

Алигатор
– внимавајте, имате непријатели.

Алиментација
– да даваш: те очекуваат низа непријатности, не впуштајте се непромислено во љубовна врска;
-да земаш: ќе се извлечеш од проблемите, исплнување на желбите.

Алка
– споена: имаш верен пријател, партнерот не ве изневерува;
– разделена: некој ти е неискрен, ќе слушнеш лаги.

Алкохол
– да пиеш сам: ќе те изневери пријател;
– да пиеш во друштво: ти претстои веселба;
– да точиш: ќе одите на пат;
– да прелееш по некого: ќе се дознае вистината.

Алманах
– ако си женско: предупредување да не се жртвувате;
– ако си машло: добра работа.

Алое
– да видиш како цути: длабока старост.

Алуминиум
– блескав: пред вас идат среќни денови;
– мрачен: неочекувани фрустрации.

Амајлија
– да ја имаш: некој ќе ве заштитува, неискрени сте кон себе, претпазливи кон семејството.

Амбар
– полн: напредок, благосостојба, добивка;
– празен: надежите ти се попусти, очекувајте штета.

Амбасада
– да работиш во неа: ќе се дружиш со влијателни луѓе;
– да посетиш: успех со максимален труд и напор.

Американец / ка
– проблеми со законот, неуспех.

Амови
– здравје

Амор (богот на љубовта)
– љубовта ти е превртлива.

Ампутација
– на тебе: разделба со саканата особа;
– на друг: ќе изгубиш пријател.

Ангел
– да видиш: среќа;
– да зборуваш со него: исполнување на многу жеби;
– да бидеш ангел: болест, несреќа.

Англичанец
– те изневерува некој пријател, досадување.

Антена
– пријатни промени.

Антикварница
– добивка.

Арап
– ќе слушнеш добри вести.

Апетит
– да имаш: некој ќе те исмева, парична загуба, срам.

Аптека
– болест, деловни неуспеси, грижи.

Архива
– материјална добивка.

Атентат
– да видиш или да вршиш: ќе бидеш озборуван пред пријателите.

Атлет
– ќе ти се исплати трудот.

Атомска бомба
– големо непријатно изненадување.

Афион
– непријатности во љубовта.

Ашов
– да видиш: ти претстои тешка работа;
– да копаш со него: нови љубовни освојувања.