„Скршената стомна“ премиерно во „Интимен театар“ во Битола

„Скршената стомна“ е осма по ред претстава на независната театарска куќа „Интимен театар“ од Битола. Претставата е правена по мотиви од германскиот автор Хајнрих Фон Клајст и авторски текстови на Билјана Крајчевска.

Главните улоги ги толкуваат Маја Андоновска Илијевски и Никола Пројчевски, а кореографијата е на Кире Миладиноски.

„Скршената стомна“ е расказ за изгубениот и заблуден човек што нема капацитет да се бори, а секогаш го избира патот на финансискиот прогрес. Идејата е дека по улиците шетаат полумртви кукли, жртви на чудовишниот капитализам, што полека се прекршуваат и ја губат својата животна рамнотежа.

loading...

КОМЕНТАРИ