ШТО СЕ СПРЕМА ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА: Се повеќе повици за загриженост поради американските тенкови во Бугарија, Романија и Балтикот!

- Категорија: Свет

Минатата недела, САД испрати 4.000 војници и 87 тенкови во Источна Европа, пренесоа Германските медиуми во четвртокот. Во петокот, армијата на САД ги истовари тенковите и друга воена опрема вклучително и џипови и хаубици од транспортните бродови во Германското пристаниште Бремерхавен.

Опремата се транспортира до Полска преку железница, од каде ќе биде дистрибуирана низ Балтичките земји, Бугарија и Романија. Зголеменото воено присуство е дел од т.н. стратегија „Атлантска Одлучност“, операција лансирана од САД во април 2014. годин, веднаш по пучот во Украина.

Во јули, НАТО одржа самит во Варшава, каде што инистерите за одбрана го финализираа договорот за распоредување на мултинационални батаљони на НАТО во Естонија, Латвија, Литванија и Полска, вкупно 4.000 трупи. На самитот исто така беше потврдено и поставувањето на анти-ракетниот систем и радари во Романија и Полска, а се потврди и одлуката САД да распореди 1.000 дополнителни трупи во Полска, со цел да ја бранат земјата од „Руска агресија“.

„Западните воени власти велат дека Русија се подготвува за војна. Но, треба да кажеме дека всушност НАТО се подготвува да води војна со Русија?“, прашува независниот италијански новинар Џулието Киеза во текст објавен на Спутник Италија.

Според него, алијансата распоредува „цела армија“ на границата на Русија со Балтикот.
„Според медиумските проценки, ќе има најмалку 5.000 персонал и 2.500 парчиња на воена опрема, вклучително и тенкови. Што е причината за ваквото распоредување? И на кого му треба тоа? ЦИА, Пентагон и НАТО не можат да ги наметнат сопствените грешки, не само воени но и политички, во Украина, Сирија и Турција“ пишува новинарот.

Според Киеза, консеквенците од ваков потек ќе бидат „кататрофални“ за Вашингтон и алијансата.
„Причината е сега е јасна, мирот и безбедноста може да бидат воспоставени без Западна вмешаност. Турција, членка на НАТО бара нови партнери. Арапскиот свет гледа дека влијанието на САД опаѓа“, потенцира новинарот.

loading...

Слични објави

По стапките на Путин: Доналд Трамп седна во камион, вака реагираше интернетот

Доналд Трамп во Белата куќа се сретна со