Што му правите на своето тело кога немате редовен секс?

Непостојаниот, односно нередовниот секс влијае психички и физички на вас и вашиот живот, колку и да ви звучи претерано.

Отежната контрола на мочниот меур, депресија и еректилна дисфукнција се само дел од некои нуспојави на нередовниот секс.

Судејќи по многубројните истражувања на оваа тема, луѓето кои имаат секс два до трипати неделно, прават добра работа за своето психофизичко здравје.

Тука се подразбира подобрување на расположението, намалување на крвниот притисок, подобрување на имунитетот, намалување на стресот и пред сè подобрување на односот во врската.

Што му правите на телото ако имате нередовен секс?

1. Ја ослабувате активноста на мозокот. Научниците открија дека редовниот секс доведува до подобри способности за учење и меморирање на информациите.

2. Еректилна дисфункција. Мажите кои имаат нередовен секс имаат двапати поголеми шанси да имаат ваков проблем од оние кои имаат секс барем еднаш неделно.

3. Негативно влијаете на самодовербата. Недостатокот на секс во врската може да ја намали самодовербата, да создаде чувство на вина и да ве натера да се сомневате во поврзаноста.

4. Намалена контрола на мочниот меур. А, со тоа и појава на уринарна инконтиненција.

loading...

КОМЕНТАРИ