Работник измамен во Германија- Отишол да заработи брдо пари, а наседнал на ова

Секоја недела на Фејсбук групите во кои се собираат лица кои бараат работа надвор од својата земја, се појавува барем еден од нив кој бил измамен. Најнов случај кој предизвикал огромна реакција во една група наседнал на измама.

Тој наведува дека отишол во Германија кај некој човек од Хрватска. Човекот и не му платил ни денар, го пријавил автомобилот на негово име, па поради тоа добил данок кој морал да го плати. После тоа работникот се вратил во својата земја и сака да ја обелодени измамата.За измамникот вели дека прима германска социјална помош, а покрај тоа мами луѓе.

За да биде уште поинтересно, во коментарите на Фејсбук групата се појавила девојка која вели дека е ќерка на измамникот.

-„Дотичниот е мој татко. Жално и грдо е тоа што морам да го кажам, но за жал целиот живот е таков, секогаш си ја гледал својата задница, сите нас не навлече во проблеми. Помладиот брат беше кај него минатата година и му го направи истотот.“- се пожалила таа.

-„Таков е, ако налетате на него само заобиколете го. Ви посакувам среќа да го решите вашиот случај, бидејќи мојот брат не успеа. Кога е способен своето дете да го уништи, зошто не и вас.“- препорачува таа.

loading...

КОМЕНТАРИ